Лаџа (, Крисопотамос) — река во Кукушко, Егејска Македонија, притока на Галик.

Реката е долга 36 км и извира од источните падини на планината Круша, на надморска височина од 900 м, северозападно од месноста Стара Равна. Продолжува минувајќи источно од селата Севендекли и Арбур, па до Инанли. Оттаму се упатува јужно до с. Ени Маало и минува северно од Шереметли. На крајот, тече меѓу селата Караџа Кадар и Кучокостејка, па се влева во реката Галик.

Име На турски реката се нарекувала Куру Дере (Kuru Derekuru, dere — турско-македонски речник, офф нет, „сув поток“). Ова име подоцна е преведено на грчки како Ксиропотамосξηρός, ποτάμ — грчко-македонски речник, офф нет. Ова се должи на тоа што водотекот е сезонски и зависи од врнежите на планината Круша.

Поврзано Галик Кукуш (општина)

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Кукуш Категорија:Притоки на Галик