Пожарски Бањи — село во Егејска Македонија.
Географија и местоположба
Селото Пожарски Бањи се наоѓа помеѓу планинските масиви Кожуф и Кајмакчалан, сместено на 212 метри надморска височина.
Историја
Под селото Долно Пожар, меѓу планините Кожув и Кајмакчалан, на надморска височина од 420 метри уште од стари години постојат минерални топли бањи, чија експлоатација започнала по 1935 година и наскоро станале познати по својата лековитост, но и како пријатно летувалиште на поимотните семејства од Солун и од други градови, за која цел биле подигнати и специјални хотели..
Бањите, посебно објектите, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна ги користеле партизаните и воопшто силите на отпорот, посебно за лекување на ранетите, но и за рекреација и мал одмор на изморените борци. Бањите почнаа повторно да функционираат по нормализирањето на ситуацијата, па дури се водат како посебна населба која влегува во составот на општината Долно Пожар.
Население
Во пописот од 1961 година, Пожарските Бањи се водат со 13 жители, во пописот од 1971 година нивниот број е пресметан во составот на жителите од селото Долно Пожар, додека во 1981 година е евидентиран само еден, а во 1991 година 2 житела. Наводи
Надворешни врски
Категорија:Меглен