Рамон Синкелдам (; р. ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера Аматерска кариера

Синкелдам возел за во текот на неговата аматерска кариера, помеѓу 2007 и 2011 година. За тој период ја освоил трката Париз-Рубе за младинци во 2011 година, како и Трката околу Лимбург 2011 и станал национален друмски првак под 23 години во 2011 година, откако претходно завршувал втор две години по ред. Во неговата младост, Синкелдам бил исто така активен во планинскиот велосипедизам и во велокросот.

Професионална кариера

Синкелдам станал професионален во сезоната 2012, приклучувајќи се на екипата . Ја освоил првата професионална победа со екипата во октомври 2012 година, освојувајќи две етапи на Трката околу Хајнан во Кина. Ја завршил трката на шестото место. Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015. Немал ниедна победа во 2013 година, но завршил како трет на трката Четири дена Динкерк. Во 2014 година ја освоил втората етапа на Светскиот пристаништен класик и завршил како втор на трката. Во 2015 година имал успешна сезона со победа на трките Велотон Берлин и Бинше-Шиме-Бинше. Синкелдам бил втор и на националното друмско првенство зад Ники Терпстра.

На 23 јануари 2016 година бил еден од шесте членови на Тим Џајант-Алпесин, кои биле удрени од автомобил за време на тренинг во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.

Достигнувања

2009 2. Национално друмско првенство под 23 години 2010 2. Национално друмско првенство под 23 години 9. Минстерланд Џиро 2011 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Париз-Рубе за младинци 1. Трка околу Лимбург 5. Краен пласман Трка Олимпија 8. Краен пласман Волта ао Алентежо 2012 6. Краен пласман Трка околу Хајнан 1. Етапа 5 1. Етапа 8 2013 2. Трка околу Зеланд 3. Краен пласман Четири дена Динкерк 2014 2. Краен пласман Светски пристаништен класик 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 2. Краен пласман Тур де Пикарди 2. Трка околу Зеланд 6. ГП Импанис-Ван Петегем 2015 1. Велотон Берлин 1. Бинше-Шиме-Бинше 2. Национално друмско првенство 8. Ватенфал Класик 2017 1. 20п Национално друмско првенство 9. Схелдепрејс 2018 1. Париз-Шони 3. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п Џиро—————— 20п Тир——СО143148134 20п ВуелтаСО136————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти