Дескати () — гратче во Гребенско и административен центар на истоимената општина Дескати во денешната област Западна Македонија, Грција. Според пописот од 2001 г. населението брои 3.508 жители.

Географија Гратчето е сместено, меѓу планините Хасија и Камбуница, на недалеку од границата помеѓу Македонија и Тесалија. Во физичкогеографска смисла може да се смета за дел од Тесалија, бидејќи принадлежи на сливот на тесалиските реки Титарис и Пенеј. Се наоѓа 60 км источно од градот Гребен.

Историја Името „Дескати“ потекнува од влашкиот поим „дисикаре“ што значи разделување, распарчување поради тоа што во доцниот среден век местото се состоело од разни селски маала, кои со време се обединувале под ова заедничко име.

Во турско време Од 1393 до 1423 г. подрачјето на Дескати постепено паѓа под османлиска власт.

По припојувањето на Тесалија кон Кралството Грција во 1881 г. Дескати останува под власта на осмалиите во рамките на Еласонската каза. ОД 1882 до 1896 г. гратчето било центар на Дескатската епархија.

Според грчка атинска статистика од 1910 г. во Дискати (Δισκάτη) живет 3.113 православни Грци. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. местото го заземаат грчки единици, а по Втората балканска војна во 1913 г. Дескати влегува во состав на Грција.

Пописи 1913: 3.298 жители 1981: 4.436 жители 1991: 4.483 жители 2001: 4.028 жители 2011: 3.508 жители

Стопанство Главна стопанска гранка во Дескати е земјоделството, и тоа одгледувањето на пченица и тутун и сточарството. Општината Дескати во целина има 6.179 хектари обработливо земјиште, 24.363 овци и кози и околу 1.000 говеда. Во помала мера е застапено железарството, обработката на мермер, дрводелството и производството на градежни материјали.

Знаменитости Славата на Дескати е Источен Петок (првиот петок по Велигден). На 21 мај свечено се одбележува празникот на црквата „Св. Константин и Елена“.

Наводи

Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Дескати