Божидар (Даре) Џамбаз ( во Прилеп — во ) — македонски фармацевт, борец и државник.
Животопис
Дипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943).
По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година.
Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.
Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и планинарскиот дом на Водно го носат неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Македонски фармацевти Категорија:Црвен крст на Македонија Категорија:Министри за финансии Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ