Шестаголник или хексагон — многуаголник со шест темиња и шест страни.
Правилен шестаголник Правилниот шестаголник е шестаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен шестаголник имаат по 120° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било шестаголник изнесува 720°. Како што е можно да се покрие рамнина со рамнострани триаголници или квадрати, и правилниот шестаголник ја има таа особина.
Пчелното саќе има основни елементи во облик на шестаголник токму затоа што таквата форма овозможува ефикасна и економична употреба на просторот и материјалот од кого е изградено.
Ако забележиме дека правилниот шестаголник е составен од 6 рамнострани триаголници, неговата површина ќе биде шест пати поголема од површината на рамностран триаголник и ако неговата страна е со должина , ќе биде дадена со формулата:Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 135.
Периметарот на шестаголник чија страна е со должина е еднаков на , должината на дијагоналата е .
Конструкција Правилен шестаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен шестаголник која ја дал Евклид во своите „Елементи“. мини|300п|центар|Анимиран приказ на конструкција на шестаголник со помош на шестар и линијар
Неправилни шестаголници
Секој шестаголник кој не е правилен се нарекува неправилен. Овој вид може да ги има следниве облици:
Вкрстен шестаголникИспакнат шестаголникВдлабнат шестаголник
ТемињаСтраниДијагонали669
Каде може да се види шестаголник
Поврзано Многуаголник Правилен многуаголник Четириаголник Петаголник Седумаголник Осумаголник Деветаголник Десетаголник
Наводи
Надворешни врски
Шестаголник на Mathworld Дефиниција и особини на шестаголник со интерактивна анимација
Категорија:Многуаголници по број на страни