За археолошкото наоѓалиште, видете Св. Илија (Рамне)

Свети Илија — главна селска црква во охридското село Рамне.

Во рамки на црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта.

Местоположба

Црква се наоѓа над самото сретсело.

Историја

Според натписот што е сместен над влезната врата, црквата била подигната во 1907 година.

Архитектура

Црквата е еднокорабна со галерија на кат и купола. Била изградена од кршен камен, а вратата, прозорците и венецот од делкан бигор, како и апсидата, која е полукружна и со седум слепи ниши. Во средината на прозорецот е изделкан крст.

Фрескоживопис

Фрескоживописот во црквата бил изработен во 1944 година од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте Рафев од селото Лазарополе.

Други објекти

Во периодот од 1984-1995 година, со помош на селаните се изградени: црковна трпезарија, камбанарија и бил променет кровот на црквата.

Галерија

Поврзано Рамне Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Петта охридска парохија Шеста охридска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Рамне (Охридско) Рамне Категорија:Шеста охридска парохија