Свети Ѓорѓи — една од двете селски цркви со истото име во тиквешкото село Сирково, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на еден рид јужно од селото Сирково.
Историја
Црквата е изградена во 1938 година и се наоѓа на педесетина метри од новоизградената црква која го носи истото име. Црквата била осветена, но нема податоци кога било извршено осветувањето.
Во 2006 година, црквата била препокриена со нови ќерамиди.
Архитектура
Црквата имала камбанаријата, која подоцна била срушена од страна на еден од мештаните, кој подоцна загинал од гром. Според состојба од 2023 година, црквата има нова камбанарија.
Фрескоживопис
Храмот не поседува фрескоживопис.
Галерија
Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Росоманска парохија Сирково
Наводи
Надворешни врски
Сирково