Осигурување на депозитите (англиски: Deposit Insurance) претставува форма на регулација во областа на банкарството со која на штедачите им се обезбедува заштита на депозитите во случај на пропаѓање на некоја банка.

Потребата од осигурување на депозитите Економската функција на осигурувањето е да се намали одговорноста на осигурениците (штедачите во банките).Larry A. Sjaastad, „Осигурување на влоговите. Дали навистинани е потребно?“, Професија банкар, 11/97. Притоа, осигурувањето на депозитите има за цел да ги спречи банкарските паники и случаите на напава на штедачите врз банките и со тоа да се обезбеди стабилност на банкарскиот систем. Одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем е мотивирано од повеќе фактори:Зоран Јовановски, „Информација за начинот на осигурување на депозитите во Република Македонија“. Скопје: НБРМ, 1998. Стабилниот банкарски систем го забрзува економскиот раст – Тоа е последица на зголемената доверба на населението во работењето на банките, која детерминира пораст на штедењето и создава поволни предуслови за интензивирање на инвестиционите активности на економските субјекти. Стабилниот банкарски систем овозможува предуслови за заштита на „малите“ штедачи - Кога во работењето на банките постои виско степен на стабилност, тогаш се намалува опасноста од нивни ненајдени и зачестени банкротства. На тој начин се заштитуваат и депозитите на „малите“ штедачи, што е важен елемент за одржување на севкупната доверба во банкарскиот систем. Стабилниот банкарски систем овозможува заштита од потенцијален распад на системот на плаќањата во земјата – Банкарскиот систем има централна позиција во функсионирањето на системот на плаќања. Дестабилизацијата на бакарскиот систем може неповолно да влијае врз извршувањето на плаќањата меѓу субјектите на националната економија. Стабилноста на банкарскиот систем се обезбедува на две нивоа: со основна заштита и со дополнителна заштита. Основната заштита ја врши централната банка преку т.н. структурна регулатива и преку т.н. прудентна регулатива. Дополнителната заштита се врши преку системите за осигурување на депозити.

Цели на системите за осигурување на депозитите Основна причина заради која земјите имплементираат системи за осигурување на депозитите е одржување на довербата и заштитата на банкарскиот систем во земјата, а со тоа и на финансискиот систем. Покрај оваа основна цел, постојат и други цели кои се меѓузависни за спречување на банкарска паника. Заштита на малите депоненти Заштитата на малите депоненти лежи во сржта на секој систем на осигурување на депозити, иако постојат и поинакви мислења според кои главна причина на постоење на системите на осигурување на депозитите е овозможување на малите банки да опстанат во опкружувањето на поголемите и поефикасни банки. Но, во академските кругови преовладува мислење дека системите за осигурување на депозити треба да служат претежно за заштита на малите депоненти. Тоа произлегува оттаму што „малите“ и несофистицирани штедачи не можат да ги приберат или адекватно да ги обработат сите информации за тоа во која банка е најдобро да и депонираат своите заштеди. Единствено банката, односно нејзината управувачка и соственичка структура, има вистинска слика за квалитетот на нејзиното портфолио, во чии рамки посебно е важно информацијата за квалитетот на дадените кредити. Депонентите не можат да ја вреднуваат ризичноста на нејзината актива, ниту нејзината релативна положба во однос на другите банки. За нив би било прескапо и потполно временски неисплатливо за да ја следат состојбата на конкурентните банки.N. Economides, H. R. Gleen, and D. Palia, „The Political Economy of Branching Restrictions and Deposit Insurance: A Model of Monopolistic Competition Among Small and Large Banks“, National Bureau of Economic Research, Working Paper No. 5210, 1995.

Подобрување на конкуренцијата меѓу банките Системите за осигурување на депозити по своја природа им овозможуваат на помалите банки порамноправно да им конкурираат на поголемите банки. Формалниот карактер на експлицитниот систем им помага на малите банки полесно да одржат одредено ниво на углед, што инаку не би било лесно остварливо во конкуренција со големите банки. Од друга страна, со воведувањето на систем за осигурување на депозити се намалува потребата за следење на банките од страна на коминтентите, со што се нарушува пазарната дисциплина во рамките на банкарскиот сектор. Во системот опстануваат помалку ефикасните и помалку квалитетните банки, бидејќи заради нивните заштитени влогови, депонентите немаат нужност за повлекување на своите депозити. Тоа може да создаде привид кај помалку стабилните банки дека тие работат добро и да почнат да преземаат преголем ризик.

Заштита на платниот систем Банките имаат централно место во платниот промет бидејќи кај нив се водат трансакциските сметки на претпријатијата и луѓето. Во случај на пропаст на една банка, таа не може да ги исполни обврските кон другите банки, со што проблемите се пренесуваат и на нив. Оттука, осигурувањето на депозитите треба да ги заштити средствата кои луѓето ги чуваат на своите трансакциски сметки.

Намалување на ефектите на рецесијата Во случај на рецесија, некои банки имаат ликвидносни проблеми и се соочуваат со повлекување на депозитите. Понатаму, тоа се одразува на работењето на здравите банки, односно предизвикува влошување на нивната ликвидност. При неефикасен систем на осигурување на депозитите, пропаѓањето на банките ги става претпријатијата и населението без нивните депозити. Тоа предизвикува многу претпријатија да одат во стечај, со што се влошува рецесијата. При постоење на систем на осигурување на депозитите, депонентите ќе бидат обесштетени во одреден рок и нема да има последици за нивната ликвидност. На тој начин нема да се наруши довербата во добрите банки.

Поттикнување на стопанскиот раст Оваа цел се темели на тврдењето дека добро формиран експлицитен систем на осигурување на депозити го потикнува домашното штедење. При тоа се претпоставува дека штедачите при намалениот ризик ќе имаат волја да прифатат и релативно пиниски каматни стапки. Пониските пасивни каматни стапки ќе им овозможат на банките пресметка на пониски активни камати на кредитите, што ќе има влијание на стимулирањето на инвестициите, а преку нив и на стопанскиот раст. Друг канал на делување произлегува од можноста на системот на осигурување на депозити да ја подобри конкуренцијата меѓу банките. Поголема конкуренција меѓу банките ги поттикнува на намалување на разликите меѓу актвните и пасивните каматни стапки при што доаѓа до исправка и на активните и на пасивните каматни стапки.Garcia G., “Deposit Insurance: Obtaining the Benefits and Avoiding the Pitfalls”, IMF Working Paper, Nr. 96/83. Washington: Internatonal Monetary Fund.

Видови на системи за осигурување на депозитите Во основа постојат два системи за осигурување на депозитите:Richard Apostolik, Christopher Donohue, and Peter Went (2009), Foundations of Banking Risk. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons, p. 77. имплицитен систем за осигурување на депозити и експлицитен систем за осигурување на депозити.

Основна одлика на имплицитниот систем е непостоење на закон за осигурување на депозитите, што имплицира непостоење на обврска на државна реакција во случај на финансиска криза. Експлицитните системи за осигурување на депозитите се јасно одредени со законски одредби. Тие можат да бидат запишани во форма на посебен закон, можат да бидат вклучени во законот за банките или можат да бидат составен дел на законот за централната банка. Функционирањето на експлицитен систем за осигурување на депозитите подразбира постоење на институција која ќе ја врши таа функција, која најчесто се нарекува Фонд или Агенција за осигурување на депозитите. Според податоците на Меѓународната асоцијација за осигурување на депозити, на 31 март 2011 година, 131 земји во светот имале експлицитен систем за осигурување на депозитите. Во праксата постојат два вида експлицитен систем на осигурување на депозитите: еx-ante систем (систем со фонд) и ex-post систем (систем без фонд).

Според основачката структура на институциите системите за осигурување на депозитите можат да бидат: јавни државни и мешани.

Решението за правниот статус на институцијата за осигурување на депозитите е тесно поврзано со дефиницијата на улогата, правата и обврските на различните субјекти кои потенцијално се инволвирани во процесот на осигурување на депозитите. Според законската поставеност, фондот или агенцијата може да биде јавен или приватен. Системот со фонд за осигурување на депозити е систем во кој финансиските институции периодично уплаќаат премија за осигурување. Уплатените премии претставуваат претставуваат фонд на средства од кој се исплатуваат осигурените депозити во случај на пропаѓање на некоја банка. Така сите осигурани институции учествуваат во исплатата на осигурените депозити кај пропадната финансиска институција. Во случај акумулираните средства во фондот да не се доволни за исплата на осигурените депозити во целост, државата има обврска да го покрие остатокот. Тоа треба да биде законски одредено. Во случај системот за осигурување на депозити да е дефиниран како ex-post систем (без фонд), по правило евентуалните трошоци од пропаѓањето на банка во целост паѓаат на товар на преостанатите банки. Во таа смисла, државата нема никакви трошоци, бидејќи системот функционира на тој начин што во одреден краток период од пропаѓањето на банката секоја преостаната банка учествува во исплатата на осигурените депозити според одредено правило.

Според нивните овластувања, институциите за осигурување на депозити можат да се основаат и да функционираат како следните модели; Модел „Кутија за исплата“ или „благајна“ (pay box): Овој модел на институција за осигурување на депозити е организиран за исплата на осигуреникот дел од депозитите, поточно на обесштетувањата на депонентите. Модел „Кутија за исплата“ со ограничено овластување (pay box with extended but still limited roles and powers) – Институциите можат да бидат намалувачи на трошоците (cost reducer), односно покрај функцијата на порамнување, институцијата да презема улога на раководење на несолветната осигурена институција со најниски можни трошоци и екстерналии за финансиското посредовање. Модел „Намалувач на ризик“ (Risk minimiser). Овој модел има најшироко портфолио на ингеренции. Институцијата за осигурување на депозити само постанува дел од назорниот систем. Таа е „супервизор“ - врши директен надзор и контрола и има соодветно влијание на финансиските институции во врска со нејзините задачи, и е „олеснувач на решението за затворање на банка“ (resolution facilitator) – може да ги користи прибраните средства и за проактивна поддршка на банката која има потешкотииво работењето (а не е неликвидна или несолвентна).

Одлики на системите за осигурување на депозити Управување на системите за осигурување на депозити Начинот на управување на институцијата за осигурување на депозити е во зависност од тоа дали таа е јавна или приватна. Фондот може да го управуваат министерството за финансии, централната банка, финансиските институции кои го основале и уплаќале во него или комбинирано. Истражувањата покажуваат дека во светот во 50% од системите во управувањето учествува државата, 30% се со мешано управување, а приватно управување има во 20% од системите.

Членување во системите за осигурување на депозити Членувањето во системот за осигурување на депозити може да биде: задолжително и доброволно. Се смета дека доброволното е инфериорно во споредба со задолжителното членство, бидејќи создава амбиент во кој финансиските институции кои не се членки во фондот можат да понудат повисоки каматни стапки (немаат трошок за плаќање премија). Задолжителното членување е најдобро решение бидејќи го намалува проблемот на негативна селекција. Истражувањата покажуваат дека само мал број земји дозволуваат доброволно членување.

Депозити кои се осигуруваат и депозити кои не се осигуруваат