Тетовска околија со седиште на Народниот одбор на Околијата во Тетово, е една од седумте околии установени со Законот за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија, од 28 јуни 1955 година. Во оваа околија имало осум општини.Административно-територијални поделби во Македонија, 1944-2004, ИНИ, 2007, стр. 283

Општини во Тетовска околија Општина Врапчиште Општина Гостивар Општина Жеровјани Општина Маврово Општина Ростуша Општина Саракино Општина Тетово Општина Теарце

Наводи

Категорија:Административна поделба на Македонија