Милко - македонска рок-група од Скопје.

Историја Групата „Милко“ била основана во 2006 година. Групата ја сочинуваат:„Новиот албум на „Милко“ премиерно во МКЦ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 21. Сашо Митревски (гитара и вокла), Стефан Терпини (тапани) и Филип Поповски (бас-гитара). Творештво Првиот албум на „Милко“, со наслов „Луѓе“, бил објавен за издавачката куќа „ПМГ рекордингс“, која подоцна ги објавила и нивните два албума, „Don't let them win“ и „Changes“, како и проектниот албум „Никотин“. На 20 февруари 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, „Милко“ го претставиле албумот наречен според името на групата. Албумот бил снимен во студиото „Марифет“, а бил продуциран од самата група и од Ивица Јанкуловски, кој бил задолжен и за миксот. На едн апесна од албумот („Ти“) гостувал клавијатуристот Александар Ников.„Новиот албум на „Милко“ премиерно во МКЦ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 21.

Наводи

Категорија:Македонски рок-групи