Ибероромански јазици или ибериски јазици — група романски јазици со потекло од Пиринејскиот Полуостров или Иберија (денешна Шпанија, Португалија, Гибралтар и Андора) и јужна Франција.

Најзастапени ибероромански јазици се шпанскиот, португалскиот, каталонскиот и галисискиот — секој од нив со своите дијалекти и месни говори. Според заеморазбирливоста, Далби вбројува седум јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, провансалски и гаскоњски.David Dalby, 1999/2000, The Linguasphere register of the world's languages and speech communities. Observatoire Linguistique, Linguasphere Press. Volume 2. Oxford.

Потекло и развој мини|350п|Јазична карта на југозападна Европа

Како и останатите романски јазици, иберороманските јазици водат потекло од народниот (вулгарен) латински. Ова е нестандардниот (за разлика од класичниот латински) облик на латинскиот јазик кој го говереле војниците и трговците низ Римското Царство. Со ширењето на царството, овој станал матичен јазик на народите од покорените територии. Латинскиот и неговите потомци се говорат на Пиринејскиот Полуостров уште од времето на Пунските војни, кога Римјаните ја зазеле оваа територија.

Современите ибероромански јазици се создадени со следниов развој:

латинизација на населението на Иберија. јавување на повеќе видоизменети облици на латинскиот во Иберија, со мали разлики според местото.Penny, p. 16 VIII - X век: прераснување на латинските варијанти во старошпански, галисиско-португалски, астурлеонски и наварско-арагонски (западноибериски јазици), како и првобитниот каталонски јазик. Генетската класификација на првобитниот каталонски и окситански не е со утврдена со сигурност. Некои стручњаци сметаат дека предокот е ибероромански (затоа источноибериски), додека пак други сметаат дека е галороманскиот. XV - XX век: понатамошен развој до денешните кастиљски, португалски, галисиски, каталонски, астурски, леонски, мирандски итн.

Лоза мини|500п|Застапеност на иберороманските јазици во светот мини|Иберороманските јазици на Пиринејскиот Полуостров Иберороманските јазици се договорна група. Многу стручњаци го користат поимот во чисто географска смисла, без да мора да значи дека сите припаѓаат во едно филогенетско колено (т.е. не мора да се од ист предок). Некои автори претпоставуваат источноибериските (окситанско-романски) се посродни на јазиците во северна Италија (или франкопровансалскиот, оилските јазици и ретороманските). Ова е најприфатеното географско групирање на иберороманските јазици:

источноибериски западноибериски

† означува изумрен јазик

Ибероромански јазици се следниве: источноибериски (некои ги сметаат за галоромански јазици) каталонски јудеокаталонски† окситански западноибериски астурлеонски астурски кантабриски естремадурски леонски мирандски кастиљски шпански јудеошпански (ладино) галисиско-португалски фала галисиски јудеопортугалски† португалски наварско-арагонски† арагонски јудеоарагонски† мозарапски†

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јазици во Шпанија Категорија:Јазици во Португалија