Стивен Сиро Вај (англиски: Steven Siro Vai) (роден на 6 јуни 1960 во Њујорк) е американски гитарист-виртуоз, композитор, и продуцент, забележлив по тоа што ја добил наградата Греми (заедно со девет номинации) и често споменуван како влијание од многу гитаристи уште од 80-тите.
Ран живот Додека растел, младиот Вај се заинтересирал за рок гигантите како Џими Хендрикс, Alice Cooper и Led Zeppelin што довело да започне да изучува да свири на гитара. Пред да се запише на музичкото училиште Беркли, Стив често свирел со неговиот учител и другар гитарски виртуоз Џо Сатриани и свирел во бројни локални групи. Тој го признава влијанието на многу гитаристи, меѓу кои и Џеф Бек и фузискиот виртуоз Алан Холдсворт.
Други активности Вај ја поседува Favored Nations, компанија за снимање и издавање на албуми, чијашто специјалност е меѓународно откривање и зачувување на таленти.
Вај е оженет за Пија Мајоко, поранешна басистка на Vixen, која што може да биде видена во Hardbodies. Стив и Пиа имаат две деца, Џулијан Ејнџел и Фајр. Во неговото слободно време, Вај ужива во пчеларството, и произведениот мед Вај редовно го продава за неговата задолжбина „Make a Noise“.
Дискографија Соло албуми
Надворешни врски Домашната страница на Стив Вај Слики зад сцената од Стив Вај ио повеќе Серијата гитари JEM на Ibanez Сè за EVO vai.com Страницата Fire Strings Обожавателско мрежно место на Ibanez JEM Myspace: Стив Вај
Наводи
* Ваи, Стив Ваи, Стив Категорија:Изведувачи на седумжичени гитари Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“