Агии Теодори — село во Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 215 жители.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу 20 км југоисточно од градот Гребен, на главниот пат Гребен - Трикала.

Историја

Агии Теодори е нова населба, создадена во периодот 1970-1971 по наредба на воената хунта во Грција. Во ова село во текот на 1970-тите години се преселени жители од околните постари села Манас, Плјаса, Лебиново, Георгица, Критадес и Снихово.

Стопанство Населението во селото се занимава со сточарство и повремено во летниот период се враќа во напуштенитте живеалишта каде го испасуваат добитокот.

Демографија

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Гребен

Категорија:Гребен (општина)