Инџес или Инџелер (, Парадисос, до 1926 г. Ίντζες, Инѕес) — село во Саришабанско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 216 жители (2011). Претставува најисточното населено место во Егејска Македонија и цела Македонија воопшто.

Географија Селото е сместено североисточно од градот Саришабан, на десниот брег на реката Места, крај главниот пат од Кавала и Саришабан за Скеча. Се наоѓа на надморска височина од 70 м, а атарот зафаќа површина од .

Историја Кај селот има остатоци од антички град кој се поистоветува со тракискиот град Топир.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Инџес живееле 175 жители ТурциКънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 204., но населението веројатно било побројно, бидејќи во пописот во 1913 г. се евидентирани 589, а во 1920 г. — 306 жители.

Лозанскиот договор од 1923 г. турското население е присилно иселено, а доведени се поголем број на грчки бегалски семејства од Турција. Во 1928 г. попишани се 572 жители, а во 1941 г. бугарската окупациска власт евидентирала 625 жители.

Население

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Саришабан со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Места, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Инџес, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство Обработливите површини се мошне ограничени, но земјиштето е плодно и дава високи приноси, наводнувајќи се од реката Места. Главни земјоделски култури се тутунот и пченицата, а развиени се лозарството и овоштарството.

Наводи

Категорија:Места (општина)