Благица Николовска Дафовска (Бабино, ) — македонски поет и раскажувач.

Животопис Дафовска е родена во село Бабино, Демирхисарско на 24 јули 1946 година. Од 1952 до 1970 година живее во Битола каде завршила средно образование во гимназијата „Браќа Миладиновци”, а потоа дипломирал на Педагошката академија, група македонски и српскохрватски јазик и југословенска литература. По завршувањето на студиите извесно време работела како наставник во селата Цапари, Ѓавато и Рамна. Во 1970 година, таа се иселила во Канада, каде основала семејство и мајка е на три деца. Од 1975 до денес работи како наставник по македонски јазик во училиштето за дополнителна настава при МПЦО „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Дафовска е многу активен член во културниот и општествениот живот во Торонто. Нејзини песни се објавувани на страниците на весниците „Наше новине“, „Духовна искра“, „Македонски збор“, „Македонија“. и други. Била водител на многу културни манифестации во Торонто. Таа е прв претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто. Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од „Обединети Македонци“ од Торонто. Наводи

Категорија:Луѓе од Бабино Категорија:Македонски писателки Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонци од Канада