Ново Скилич (, Калохори; до 1970 година: Нео Скилици, Ново Скилици) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на осум километри западно од градот Гида, крај самиот главен пат од Гида за градот Бер, на надморска височина од 20 метри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја

Селото претставува потполно нова бегалска населба подигната по 1928 година, во која биле сместени бегалски семејства. Првпат е забележено со пописот во 1940 година. Во 1928 година биле сместени 25 бегалски семејства со вкупно 95 жители..

По основањето на селото Ново Скилич, старото село Скилич започнало да се нарекува Старо Скилич. Во 1970 година, Ново Скилич е преименувано во Калохори (Καλοχώρι).Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέον Σκυλίτσιον -- Καλοχώριον

Стопанство

Како и во другите села во ова подрачје, и во Ново Скилич се произведува памук, шеќерна репка и пченица.

Голем дел од обработливите површини се добиени по извршните мелиорации во околината, а дел од нивите и се наводнуваат.

Население

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Скилич (Шкиличи), Берска Каза, живееле 80 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Скилич Шкиличи (Skilitch Chkilitchi) живееле 75 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.

Првпат селото е споменато со пописот од 1940 година, кога биле забележани 271 жител. Во 1951 година биле попишани 294, во 1961 година 353, во 1971 година 296, во 1981 година 321, а во 1991 година 283 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 242 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 232 жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пископи, во кој покрај селото Ново Скилич се наоѓа и селото Пископи.

Наводи

Категорија:Гида