безрамка|десно Танго сплетка (англиски: Tango Tangle)- американски филм од 1914 година, во режија на Мак Сенет (Mack Sennett), кој е автор и на сценариото. Во главните улоги играат Чарли Чаплин, Роско Арбакл (Roscoe Arbuckle), Форд Стерлинг (Ford Sterling) и Честер Конклин (Chester Conklin).IMDb, Tango Tangle (1914) (пристапено на 4.3.2016) Филмот е познат и по насловот „Чарлиевата занимација“ (Charlie's Recreation). Содржина Во оваа кратка комедија, Чарли Чаплин (кој се појавува без своите препознатливи мали мустаќи) е млад, убаво облечен човек кој, малку поднапиен, упаѓа на еден бал. Трубачот (го игра Стерлинг) и кларинетистот (го игра Арбакл) од оркестарот се вљубени во девојката од гардеробата и меѓусебе се тепаат за неа. Сепак, додека свири оркестарот, пијаното конте (го игра Чаплин) почнува да игра со девојката. Љубоморниот трубач се преправа дека му е лошо и го испраќа кларинетистот да му донесе вода, а потоа, искористувајќи го неговото отсуство, оди на подиумот и се тепа со својот соперник. Меѓутоа, тогаш доаѓа кларинетистот, па уплашениот трубач му ја остава девојката, а тој и контето продолжуваат да се тепаат кај гардеробата, сè додека двајцата не паднат изнемоштени на подот.IMDb, Tango Tangle (1914) (пристапено на 4.3.2016)
Надворешни врски Charlie's Recreation (1914) - Charlie Chaplin - YouTube
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1914 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Мак Сенет Категорија:Филмови со Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Роско Арбакл Категорија:Филмови со Форд Стерлинг Категорија:Филмови со Честер Конклин Категорија:Филмски комедии