Карс е град во североисточна Турција и седиште на покраината Карс.
Со население од 73,826 жители (во 2010), претставува најголем град на турската страна на границата со Ерменија. Неговото значење нараснало во 19 век, кога Карс бил освојуван од Османлиската и Руската Империја, при што во војната од 1877-1878 потпаднал под Руската Империја. За време на Првата светска војна, Османлиите ја презеле контролата врз градот во 1918 година, но примирјето од Мудрос биле принудени да се откажат од него во корист на Првата ерменска република. За време на Турско-ерменската војна од 1920, турските револуционери го освоиле градот за последен пат.
Наводи
Категорија:Градови во Турција