Елизабет Мери „Лизи“ Армитстед (; р. ) — англиска професионална велодромска и друмска велосипедистка. Во текот на 2015 година била актуелен светски, комонвелтски и национален првак. Армитстед била и двократен првак на Светскиот друмски куп, освојувајќи го во 2014 и завршното издание во 2015 година. На Летните олимписки игри 2012, Армитстед го освоила сребрениот медал на друмската трка.

Пред нејзината друмска кариера, Армитстед освоила вкупно пет медали на Светското велодромско првенство во 2009 и 2010 година, вклучувајќи златен медал во екипна потера во 2009 година со Џоана Роусел и Венди Хувенагел.

Ран живот

Армитстед е родена во Отли, Западен Јоркшир, каде го посетувала училиштето „Принц Хенри“. Започнала со велосипедизам во 2004 година откако британската федерација го посетила нејзината училиште. Влегла во олимписката програма на британската велосипедска федерација. Армитстед е вегетаријанка од нејзини десет години.

Велодромска кариера

мини|лево|Армитстед во Манчестер, дел од серијата Револушн 2007

Армитстед го освоила сребрениот медал во скреч на Светското јуниорско велодромско првенство во 2005 година; била европски првак во скреч во 2007 и 2008 година и завршила втора на бодовната трка во 2007 година.

Армитстед била член на победничката екипа за екипна потера на Светското велодромско првенство 2009, нејзино второ појавување на светските првенства. Исто така, настапила во скреч, каде го освоила сребрениот медал. Го завршила првенството со целосен сет на медали, освојувајќи бронза во бодовната трка.

Друмска кариера 2009–2011

Во 2009 година, Армитстед се приклучила на екипата Лото-Белисол и возела на бројни друмски трки. Ја освоила категоријата под 23 години на националното друмско првенство и сребрениот медал во сениорската категорија во одредена контроверза. Во 2010 година возела за . Армитстед одлучила да остане во екипата и со новото име во 2011 година.

2012

По распаѓањето на женската екипа Гармин Сервело, Армитстед возела за екипата АА Дринк-Леонтин.нл во 2012 година. Армитстед ја направила целата сезона за летната Олимпијада, каде го освоила сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри, Зад Маријане Вос, со што станала првата Британка која освоила медал на Олимпијадата во 2012 година.

2013

Морајќи да ги менува екипите во изминатите две сезони поради нивното распаѓање, Армитстед потпишала за Булс Долманс Сајклинг Тим за 2013. Нејзината сезона 2013 била попречена од стомачен вирус, кој на крајот бил дијагностициран како симптом за кила. Дури и овие состојби, Армитстед била победоносна на националните друмски првенства - освојувајќи ги белата, црвената и сината маичка.

2014

мини|Армитстед на Трката околу Тирингија 2014, каде ги освоила бодовниот и планинскиот пласман.

Во април 2014 година било објавено дека Армитстед го обновила договорот со Булс Долманс до крајот на 2016 година. Армитстед ја имала својата најдобра година, започнувајќи со победа на Омлоп ван хет Хагеланд. Една недела подоцна ја освоила првата трка од сезоната во Светскиот куп, Ронде ван Дренте, откако нејзината колешка Елен ван Дејк ѝ дала голема поддршка во последните километри од трката. На третата трка од Светскиот куп, Трката околу Фландрија, завршила втора зад Елен ван Дејк. Армитстед зела учество во воведната женска трка Тур де Франс во Париз на 27 јули 2014 година, но паднала на еден километар пред целта. Една недела подоцна ја освоила друмската трка на Комонвелтските игри 2014. Армитстед, ја претекнала Ема Пули на седум километри пред целта за нејзиниот прв златен медал на игрите. Армитстед го освоил Светскиот друмски куп UCI со трка на 24 август 2014 година. Со осмото место на Опен де Суеде Варгарда ја обезбедила крајната победа.

2015

За сезоната 2015, Армитстед изјавила дека сака да цели на Светското друмско првенство. Армитстед по првпат победила на женската етапна Трка околу Катар, како и две етапи. Армитстед, потоа, освоила две еднодневни трки од Светскиот друмски куп, Трофео Алфредо Бинда и Велосипедскиот класик Филаделфија, заедно со Булс Рентал Хилс Класик.

Во јуни, Армитстед била приморана да се повлече од трката Авива откако се судрила со група фотографи неколку секунди по победата на првата етапа на трката. Меѓутоа, десет дена подоцна успешно се опоравила за победа на националната друмска трка по третпат што ја однело на врвот на Светскиот пласман UCI. Во август, спринтала за победа на последната трка од сезоната на Светскиот куп, ГП Плуе, за да го задржи првото место од главната соперничка, Ана ван дер Бреген.

Како надополнување на најдобрата сезона, на 26 септември Армитстед го освоила златниот медал на Светското друмско првенство во Ричмонд, САД, победувајќи ја Ван дер Бреген во спринт на мала група од девет возачи на целта, станувајќи четврта Британка која ја освоила друмската трка на Светското првенство по Берил Бартон, Менди Џонс и Никол Кук.

Достигнувања друмски

2006 1. 20п Државно првенство - кружна трка 1. WCRA Критериум 2007 1. 20п Државно првенство - кружна трка 2009 1. 20п Државно првенство - друмска трка под 23 години 2. Државно првенство - друмска трка 1. Пласман за млад возач Џиро д’Италија Феминиле 3. Краен пласман Тур де л’Ардеш 1. Бодовен пласман 1. Етапа 6 2010 1. Етапа 1 Тур де л’Од 1. 20п Државно првенство - друмска трка под 23 години 1. Етапа 6 Ла Рут де Франс 1. Бодовен пласман Тур де л’Ардеш 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 5 2. Државно првенство - друмска трка 2. 20п Комонвелтски игри - друмска трка 9. Светско друмско првенство - друмска трка 2011 1. 20п Државно првенство - друмска трка 1. Бодовен пласман Трка околу Тирингија 1. Етапа 6 2. Трка околу Остров Чонгминг 1. Етапа 1 7. Светско друмско првенство - друмска трка 2012 1. Омлоп ван Хет Хагеланд 1. Гент-Вевелгем 2. Државно првенство - друмска трка 2. 20п Олимписка друмска трка 2013 1. 20п Државно првенство - друмска трка 2. Ридерронде Мастрихт 3. Краен пласман Трка околу Холандија 1. 20п Спринтерски пласман 1. 20п Комбиниран пласман 20п Награда за борбеност на етапа 2 Енергивахт Тур 2014 1. 20п Комонвелтски игри - друмска трка 1. 20п Краен пласман Светски друмски куп UCI 1. Омлоп ван хет Хагеланд 1. Ронде ван Дренте 1. Отли ГП 2. Краен пласман Трка околу Тирингија 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 1 2. Трофео Алфредо Бинда 2. Трка околу Фландрија 2. Флеш Валон 2. Емакумен Сарија 3. Дрентсе 8 3. Омлоп Хет Ниувсблад 3, Државно првенство - друмска трка 3. РајдЛондон ГП 2015 1. 20п Светско друмско првенство - друмска трка 1. 20п Краен пласман Светски друмски куп UCI 1. 20п Државно првенство - друмска трка 1. 20п Краен пласман Трка околу Катар 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Трофео Алфредо Бинда 1. Булс Рентал Хилс Класик 1. Велосипедски класик Филаделфија 1. ГП Плуе 1. Етапа 1 Женска трка 2. Страде Бјанке 3. Омлоп Хет Ниувсблад 2016 1. Омлоп Хет Ниувсблад 1. Страде Бјанке

Велодромски

2005 1. 20п Национално јуниорско првенство - бодовна трка 2. Светско јуниорско првенство - скреч 2. Национално јуниорско првенство - 500 м хронометар 3. Национално јуниорско првенство - скреч 2006 2. Државно првенство - скреч 2. Национално јуниорско првенство - бодовна трка 2. Национално јуниорско првенство - поединечна потера 3. Национално јуниорско првенство - скреч 3. Национално јуниорско првенство - 500 м хронометар 2007 1. 20п Европско првенство под 23 години - скреч 2. Европско првенство под 23 години - бодовна трка 2008 Светски куп Манчестер 2008-2009 1. Бодовна трка 1. Скреч 1. Екипна потера Светски куп Мелбурн 2008-2009 1. Скреч 1. Екипна потера 1. 20п Европско првенство под 23 години - скреч 1. 20п Европско првенство под 23 години - екипна потера 2. Европско првенство под 23 години - бодовна трка 2009 Светски куп Копенхаген 2008-2009 1. Скреч 1. Екипна потера 1. 20п Светско првенство - екипна потера Светски куп Копенхаген 2009-2010 1. Екипна потера 1. Бодовна трка 2. Светско првенство - скреч 3. Светско првенство - бодовна трка 2010 2. Светско првенство - екипна потера 2. Светско првенство - омниум 2011 1. 20п Национално велодромско првенство - бодовна трка 1. 20п Национално велодромско првенство - скреч 2015 1. Бодовна трка, Револушн - Манчестер (трето коло) 1. Бодовна трка, Револушн - Глазгов (четврто коло)

Наводи

Надворешни врски

Биографија на British Cycling

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Велика Британија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016