Маврангели (, книжевно: Μαυραγγέλιον, Маврангелион) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало на три километри северозападно од селото Мелик.
Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.
Историја
Веројатно се работело за мала чифлигарска или сточарска населба, во близина на Мелик.
Селото во 1918 година станало дел од општината Мелик. Во 1928 година, селото се распаднало.
Население
Во пописот од 1913 година било забележано со 8, а во 1920 година со 10 жители. Оваа населба во подоцнежните пописи не се спомнува, што значи дека се распаднала.
Наводи
Категорија:Историски села во Гида