Лендерт (Леон) ван дер Торе — професор по информатика при Луксембуршкиот универзитет и шеф на одделот за компјутерски науки и комуникации. Леон ван дер Торе врши истражување во областа на нормативни мулти-агентни системи и деонтичка логика. Основач е на лабораторијата за роботика на Луксембуршкиот универзитет.

Животопис

Ван дер Торе ги завршил докторските студии на Ротердамскиот универзитет Еразмус, Холандија, во 1997 година. После повеќе места во Холандија, Франција и Германија станал професор по компјутерски науки на Луксембуршкиот универзитет во 2006 година. Во периодот од јануари до јули 2013 година предавал на Универзитетот Станфорд. Во 2015 година станал почесен член на ECCAI.

Надворешни врски Страница за истражување на Леон ван дер Торе Изданија на DBLP

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Луѓе од Ротердам