Милано-Санремо 2016 — 107. издание на велосипедскиот класик Милано-Санремо, кој се одржал на 19 март 2016 година. Претставувала четврта трка во сезоната на Светската турнеја, а прва еднодневна трка.

Трката била освоена од Арно Демар во спринтерска завршница, пред Бен Свифт () и Јирген Рулантс (). Завршницата била попречена од падот на Фернандо Гавирија (), предизвикувајќи неколку возачи да кочат за да го избегнат, со што не биле во можност да спринтаат. Лизгањето на земјиште на патот предизвикало трката да биде пренасочена во должина од 9 километри.

Рута

Рутата била поставена на 291 километар. Генерално се сметала дека е погодна за спринтерите, трката почнувала од Милано до традиционалното одредиште во Санремо. Завршниот дел на трката ги вклучувал искачувањата на Чипреса и Поџо, кои обично биле одлучувачки за исходите на трката. На рутата, возачите го имале и 35-километарското искачување Пасо дело Турчино, иако не било сметано за клучна точка на трката. По Турчино, рутата се движела долж брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри пред целта, започнувал првиот од крајбрежните искачувања, Капо Меле, Капо Черво и Капо Берта, пред последните две искачувања до целта.

Лизгањето на земјиште утрината пред трката на 130. километар предизвикал рутата на трката да биде малку изменета, со што возачите имале пренасочување.

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е дел од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканет и се обврзани да учествуваат, а на седум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани, со што вкупно 200 возачи учествувале на трката. Бидејќи Морено Хофланд () не ја започнал трката поради болест, 199 возачи биле на стартот на трката.

Фаворити пред трката

Бранителот на титулата, Џон Дегенколб, го пропуштил Милано-Санремо по здобиените повреди на тренинг во почетокот на сезоната. Во негово отсуство, победникот од 2014 година, Александер Кристоф () бил сметан за главен фаворит за победа. Фабијан Канчелара () бил високо оценет дека на неговото последно појавување на трката ќе има добар резултат, како поранешен победник и со силната форма, победувајќи на Страде Бјанке претходно во сезоната. Светскиот првак Петер Саган () исто така бил сметан за фаворит, покажувајќи добра форма, иако сè уште немал победа во 2016 година. Го носел бројот еден во отсуство на Дегенколб.

Двајца возачи дошле со големи успеси на Милано-Санремо, Мајкл Метјус (), кој освоил две етапи на Париз-Ница само една недела претходно, додека Грег ван Авермат () го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Други фаворити биле Алехандро Валверде (), Николо Бонифацио (), Бен Свифт, Герајнт Томас и Михал Квјатковски (сите ), Насер Бухани (), Здењек Штибар (), Саша Модоло (), Тони Галопен (), Арно Демар (), Едвалд Боасон Хаген () и Сајмон Кларк (). Победникот од 2009 година Марк Кевендиш () бил исто така сметан за можен победник. Во меѓувреме, го именувала Винченцо Нибали за нивен водач на трката, возејќи по десетти пат во неговата кариера. Друг возач бил сметан за можен фаворит, Том Димулен (), но бил спречен на трката поради грип. Германскиот спринтер Андре Грајпел () ја пропуштил трката откако скршил три ребра на Волта ао Алгарве.

Извештај од трката

Со сонце и топло време, трката започнала во Милано. Бегството се одвоило на 14. километар, вклучувајќи ги Гедиминас Багдонас (), Сергеј Твецов (), Мирко Маестри (), Јан Барта (), Адријан Курек (), Рогер Клуге (), Матео Боно (), Самуеле Конти (), Мартен Тјалинги (), Андреја Перон () и Марко Коледан (). Групата имал максимално водство од главната група од 10:35 минути. Потоа, и започнале со посилно темпо и водството било намалено на пет минути на врвот на Турчино.

Како водечката група пристигнала на првото крајбрежно искачување Капо Меле, разликата изнесувала 2:18 минути. Во меѓувреме, првите падови се случиле во групата, со Жилиен Вермот () и Федерико Ѕурло () како први жртви. На Капо Берта, водството на групата напред било околу минута, додека Марко Халер () паднал на следниот спуст, со што се вратил во главната група. Друг пад се случил малку подоцна. Мајкл Метјус и Питер Кенох () биле најпознатите возачи кои паднале, но успеал да се вратат во групата.

Бегството било достигнувато на 25 километри пред крајот. На искачувањето Чипреса, Џовани Висконти () и Ијан Станард () нападнале, а им се приклучиле Даниел Ос (), Матео Монтагути () и Фабио Сабатини () на спустот. Арно Демар паднал на искачувањето, но успеал повторно да се врати назад. го поставувала темпото на последното искачување, но Михал Квјатковски се одвоил на 6 километри од завршницата. Винченцо Нибали го следел на спустот и групата од фаворити ги достигнала пред целта, откако Фабијан Канчелара извел напад, но бил следен од Матео Трентин (). На 1 километар пред крајот, Едвалд Боасон Хаген го започнал последниот напад, но не успеал и кон целта се упатила целата група. Кратко пред целта, допир на трката довел до пад на Фернандо Гавирија (), што предизвикало неколку возачи да прикочат и да не учествуваат во завршниот спринт, меѓу кои и Петер Саган. Во масовниот спринт, Арно Демар излегол најдобар и го освоил својот прв велосипедски монумент, пред Бен Свифт и Јирген Рулантс (). Демар бил првиот Французин кој го освоил Милано-Санремо од 1995 година.

Резултати

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Милано-Санремо Категорија:Светска турнеја на UCI 2016 Категорија:Италија во 2016 година Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2016 година