Отманли Маала (, Маврорахи; до 1927 г. Οτμανλή Μαχαλάδες Отманли МахаладесΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Μαυρορράχη) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.
Историја
Во XIX век Отманли Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 500 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Маврорахи..
Наводи
Категорија:Лагадина