thumb|right|Фенол - наједноставното соединение меѓу класата феноли. Фенолите се хидроксилни деривати на ароматичните јаглеводороди во кои хидроксилната група е директно сврзана за јаглероден атом од бензенското јадро.

Како и алкохолите, и фенолите имаат хидроксилна група. Основна разлика меѓу овие два типа на соединенија е тоа што кај алкохолите таа е сврзана на јаглероден атом во странична низа од бензенскиот прстен, додека кај фенолите таа е директно сврзана за бензеновиот прстен.

Вообичаено, поделбата на фенолите се прави на два начина:

според бројот на хидроксилните групи сврзани во прстенот на бензен, слично како и кај алкохолите, има монохидроксилни, дихидроксилни, трихидроксилни и полихидроксилни феноли. според тоа дали бензенскиот прстен е супституиран, фенолите можат да бидат несупституирани и супституирани (покрај OH-групата, во прстенот на бензенот водородните атоми се заменети со различни супституенти, како -X, -OH, -CH3, -NO2 и други).

Синтеза на феноли

Неколку лабораториски методи за синтеза на феноли се:

со естерско преуредување во Фриесовото преуредување со преуредување на N-фенилхидроксиламини во Бамбергерово преуредување со хидролиза на фенолатни естри или етри со редукција на хинони со замена на ароматичен амин со хидроксилна група со вода и натриум бисулфат во Бушереровата реакција со хидролиза на диазониум соли со олигомеризација со формалдехид + базно катализирана реакција со епихлорохидрин до епокси смолни компоненти со реакција со ацетон/кетони до, на пример, бисфенол А, важен мономер за синтеза на смоли, како поликарбонатPC, епокси смоли.

Категорија:Феноли Категорија:Органски соединенија Категорија:Функционални групи Категорија:Дезинфектанти