мини|десно|250п|Јужен Урал од вселената Јужен Урал ) — јужниот и најширок дел на планинскиот систем Урал. Се протега од реката Уфа (кај селото Долно Уфалеј) до реката Урал. Од запад кон исток, венецот е ограничен од рамничарскиот дел на Источна Европа, Западносибирската РамнинаЮжный Урал: Общее описание района и степите кај Аралското и Каспиското Море.

мини|десно|Јамантау Венецот е долг 550 км. Највисокиот врв е Јамантау со 1.640 м. Подножјето е мошне раширено, и се протега дури 250 км наспроти просечната ширина на Урал во целина, која изнесува 40 до 150 км.

Релјефот на Јужен Урал е посложен, со бројни долини и напоредни сртови во насока југ-запад и напречно. Во венецот влегуваат и Илменските Планини, одделени од главниот венец со реката Миас. Другите позначајни врвови се сместени долж сртот на Иремел (Голем и Мал). Јужен Урал се протега до наглиот свијок на реката Урал во западен правец и завршуваат во широките ридови наречени Мугоџари.Урал, Енциклопедија „Британика“

Поврзано Уралски јазици Уралски федерален округ

Наводи

Надворешни врски

Природни знаменитости на Јужен Урал Туристичка карта на Башкирија и Јужен Урал

Категорија:Урал Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Планински венци во Казахстан Категорија:Башкортостан Категорија:Чељабинска област Категорија:Ханти-мансиски автономен округ Категорија:Свердловска област Категорија:Тјумењска област Категорија:Актобинска Област