Пелагон или Пелагонија (познато и како Каве)Можни облици и како: Пелагонида и Пелагонеја. — македонски антички (древен) град, престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште на IV мерида (Македонија Четврта) под Римското Царство.И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 80-89

Пред да биде истражен целосно врвот Висока се знаело само дека на месноста Каве постоела населба и некропола од хеленистичкото и римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето или градот се наоѓаат на 2,5 километри западно од селото Крушевица околу планинскиот врв Висока (1.472 м.).

Историски записи

На еден натпис од IV век п.н.е. (откриен во Атина) се спомнува кралот на Пелагонците. По поразот на македонскиот крал Персеј кај Пидна (на 22 јуни 168 п.н.е.), проконзулот Емилиј Павле во Амфипол ја прокламирал поделбата на Македонија на 4 мериди. Македонија Четврта била најзападната горна планинска област, со териториите на Еордеја, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп, Пајонија западно од Вардар и Антанија.

Пронајдоци

На просторот се среќаваат остатоци од разурнати ѕидови, грамади од камен и еден затрупан бунар. Веднаш во јужен правец на истиот простор има голема концентрација на гробови — корита издлабени во карпа.

Околу дрвјата на густата дабова шума на поголемо подрачје околу самиот врв јасно се забележуваат остатоци ѕидини од неколку редови (3, 4, 5) делкан камен и темели од објекти, кои се обраснати со мов, лишаи и со корењата и стеблата на самите дрвја.

Потрага по градот Пелагонија

Според претпоставките на археологот Виктор Лилчиќ, се работи за град со кој владеел кралот на Пелагонците кои во литературата се споменуваат како многу моќни во IV век п.н.е..

Пелагон бил главниот град на Македонија Четврта, откако Македонија од Римската Република, 160 години пред Христос била поделена на четири дела. Другите три главни градови се наоѓаат во Егејска Македонија, a археолозите одамна трагале по четвртиот.

Долго време во археолошката наука во Македонија и светот местоположбата на овој древен град била предмет на дискусии и претпоставки кои се темелеле на записите на античките, пред сѐ римски автори. Голем број научници дискутирале за убикацијата на престолнината Пелагонија. Досегашните наоди од големите камени блокови на стариот град, уникатната гробница, керамиката и монетите што се пронајдени ја поткрепуваат тезата дека токму овде бил моќниот град.

Конечно, просторот е стеснет околу Селечка Планина, заедно со предложените кандидати: Долиште кај Прилепец, Еленик кај Мојно и врвот Висока над мариовското село Крушевица.V. Lilcik, An attempt at reconnaissance of the town of Pelagonia, Homage to Milutin Garashanin, Belgrade, 2006, 593-605

Конечно во 2004 година, најмногу при зафатите за спроведување на вода за селскиот водовод на селото Крушевица од месноста Каве под врвот Висока, се откриени остатоците од овој древен град.

Галерија

Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Надворешни врски

Изгубениот град Пелагонија

Категорија:Крушевица (Прилепско) Категорија:Градови во Античка Македонија Категорија:Пелагонија Категорија:Древни градови во Македонија