Централни Источни Алпи (; означувани и како Австриски Централни Алпи, Österreichische Zentralalpen или само како „Централни Алпи“)Немојте да се збуните со другото значење на Централни Алпи, т.е. Швајцарски Алпи. — главен планински венец на Источните Алпи во Австрија и блиските области во Швајцарија, Лихтенштајн, Италија и Словенија.
Терминот „Централни Алпи“ е многу чест во австриската географија како еден од седумте главни области во земјата. „Централни Источни Алпи“ главно се користи во поврзаност со алпската клупска класификација на Источните Алпи (Alpenvereinseinteilung, AVE). Централните Алпи го создаваат источниот дел на алпската линија, средиштен планински венец, како и оние венци кои се протегаат на север и југ.
Местоположба
мини|лево|Група планини во состав на Централните Источни Алпи
Централните Алпи ги имаат највисоките врвови на Источните Алпи и се сместени помеѓу Северните и Јужните Варовнички Алпи, од кои се разликуваат во геолошкиот состав.
Главни се сместени во Австрија, се протегаат од подножјето на Бергамските Алпи кај езерото Комо и Бернина во кантонот Граубинден, источна Швајцарија долж брегот на Рајна во Лихтенштајн на запад сè до реката Мура на исток во Штаерска. Долините на реките Ин, Залцах и Енс ја обележуваат северна граница, додека реката Драва јужната граница.
Централни Алпи како главна областа во Австрија
Во Австрија, Источните Алпи се поделени на Северни Алпи, Зона Грауваке, Централни Алпи и Јужни Алпи. Крајните се наоѓаат во јужна Корушка, но главно во североисточна Италија.
Геоморфологија
Венецот ги има највисоките врвови во Источните Алпи и има многу ледници. Во преодната зона помеѓу Источните и Западните Алпи, овие врвови преовладуваат во областа.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Алпи Категорија:Планински венци во Австрија Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Планински венци во Лихтенштајн Категорија:Планински венци во Словенија Категорија:Планински венци во Швајцарија