Игор Ангелов (роден на во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис Игор Ангелов е роден на 1 октомври 1977 година во Скопје. Високото образование го завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломиран на одделот Драмски глумци. По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар, а денес работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Остварил учество и на повеќе фестивали, меѓу кои „Млад отворен театар“, „Војдан Чернодрински“, „Денови на комедија“, „Ристо Шишков“ и „Охридско лето“ во Македонија, „Cividale del Friulli“ во Италија, „Grlimo se morem“ во Хрватска, „ТЕСТ“ во Босна и Херцеговина, „САПАС“ во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во САД и Австралија. Добитник е на наградите за најдобар млад глумец (2001) и најдобра машка споередна улога (2007) на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински.
Театрографија „Враќањето на црниот витез“ – режија К. Ристевски – МНТ – Скопје; „Comedia de la Vanita“ - R. Kacca – Cividale del Friuli – Италија; „Семејни гласови“ – Д. Дамјановски – НТ – Прилеп; „Летни Силјане“ – Љ. Ѓоргиевски – НТ – Прилеп; „Хроника за една најавена смрт“ – В. Светозарев – Скопје; „Змејот“ – А. Ивановски – НТ Велес; „Синдром Чернодрински“ – Д. Дамјановски – No Name Theatre – Скопје; „Макбет“ – К. Ангеловски – НТ Прилеп; „Грев или шприцер“ – Д. Станкоски – НТ Прилеп; „Волшебниот коњ„ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје; „Рибарски караници“ – К. Ангеловски – НТ – Прилеп; „Стјуардеси“ – К. Ристевски – НТ – Прилеп; „Џиновското тркало“ – Д. Довлев – НТ Прилеп; „Сатирикон“ – К. Петрески – НТ Прилеп; „Баладата за големиот костур“ – В. Милчин – НТ – Прилеп; „Bathale Roma“ – Р. Бурхан – МОТ – Скопје; „Татко“ – Д. Станковски – НТ Прилеп; „Патот за Парамарибу“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје; „Црнила“ – В. Џолева – Скопско лето – Скопје; „Чалик Чомак“ – Ј. Бојаџи – НТ – Прилеп; „Волшебната куќа“ – Д. Довлев – ДТЦ – Скопје; „Новогодишна трилогија“ – Д. Дамјановски – Универзална сала Скопје; „Четвртата сестра“ – К. Петрески – НТ Прилеп; „Проклетството на изгладнетата класа“ – Н. Ристов – НТ Велес; „Да се заборави Херострат“ – З. Бузалковска – НТ Велес; „Мара/Сад“ – Васил Христов – МНТ – Скопје; „Дундо Марое“ – Драгана Попов – МНТ – Скопје; „Троил и Кресида“ – Љубиша Ристич – МНТ – Скопје; „Лет во три глави“ – Никола Ристов – МНТ – Скопје; „Фигаро се разведува“ – Куштрим Бектеши – МНТ Скопје; „Госпоѓа Министерка“ – Наташа Поплавска – МНТ Скопје; „Последните Македонци“ – Сашо Миленковски – Драмски театар Скопје; „Ангели во Америка“ – Џаред Стајн – Драмски театар Скопје; „Хамлет“ – Дејан Пројковски – Драмски театар Скопје; „Брод за кукли“ – Нела Витошевич – независен проект.
Филмографија
Година Филм Улога 1999 Во светот на бајките ТВ-филм 2000 Погрешно време ТВ-серија Владо 2004 Големата вода ТВ-филм Советник 2010 Како да ме нема ТВ-филм 2011 Ова не е американски филм ТВ-филм 2011 Епизодист ТВ-филм 2012 Скопје ремикс ТВ-филм 2012 Трето полувреме ТВ-филм Африка 2012 Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава ТВ-филм Петер 2012 Последно лето на Балканот ТВ-серија Командирот 2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија 2014 Аудиција ТВ-филм Таткото 2014 Жици ТВ-филм Бојан 2015-2022 5+ фамилија ТВ-серија Цветко 2015 Медена ноќ ТВ-филм Андон 2015 Лазар ТВ-филм Добре 2016 Златна петорка ТВ-филм Џиџи 2016 Ечлаир ТВ-филм Томе 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Беким 2016-2023 Преспав ТВ-серија Коста 2017 Фамилија Марковски ТВ-серија Постар полицаец 2017 Исцелител ТВ-филм 2017 Човекот кој не беше таму ТВ-филм 2017 Види ја ти неа ТВ-филм Попот 2017 Слобода или смрт ТВ-филм 2018 Среќна приказна ТВ-филм 2018 Година на мајмунот ТВ-филм Цобе 2018 Мишко ТВ-филм Стево 2018 Љубовникот ТВ-филм 2018 Јужен ветар ТВ-филм Васил 2018 Еј ТВ-филм 2020 Зоки Поки ТВ-серија Ѕвездан 2020 Јужен ветер ТВ-серија Васил 2020 Хомо ТВ-филм Христо 2020 Вклучени филмови ТВ-филм 2021 Јужен ветар 2 ТВ-филм Цариник 2022 Во срцето на машината ТВ-филм 2022 Моето име е Горан Стефановски ТВ-филм 2022 Тајниот изум ТВ-филм Цветко 2022 Со река на срцето ТВ-серија 2022-2023 Јужен ветер ТВ-серија Цариник 2023 Скриптата ТВ-филм 2024-2025 Радиус ТВ-серија Наратор 2025 Избор ТВ-филм Работник 2026 Јас се викам Ајламаз ТВ-серија
Награди Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2001; Најдобра машка споредна улога на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински - 2007.
Наводи
Надворешни врски Профил на страницата на Драмскиот театар
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје