мини|десно|Виенската Котлина на карта (североисточно од Братислава) Виенска Котлина (, , ) — котлина сместена меѓу Источните Алпи и Карпатите.

Географија Ова е прилично рамно подрачје со вретенест облик и зафаќа површина од на . На север се протега до висорамнината Моравското Поле (Мархфелд) зад Дунав. На југоисток е одделен од Малата Унгарска Низина со Литавските Планини. На запад се граничи со Гутенштајнските Алпи и Виенската Шума во состав на Северните Варовнички Алпи. Реката Дунав навлегува во котлината преку процепот Виенска Врата во планината Леополдсберг, а ја напушта преку Девинска Врата во Малите Карпати источно од Хајнбург.

Од крајот на XII век почнале да се градат тврдините Нов Град во Виена и Хајнбург на југоисточниот и источниот раб како бедем против нападите на Унгарците од подолното течение на Дунав. Сепак, војската на кралот Матеја Корвин успеала да навлезе во котлината за време на Австриско-унгарската војна во 1485 г. и започнала опсада на Виена. Градот претрпел уште две опсади од Османлиите, од кои едната едната во 1529, а другата во 1683 г.

Подрачја мини|десно|250п|Хвојничките Ридови во Словачка Преку 80% од котлината влегува во австриските покраини Долна Австрија и Виена. Северните теченија на реките Морава и Дија се во Чешка и Словачка. Долж јужниот и западниот раб има извори на геотермална и минерална вода, а со тоа и неколку бањски места како Баден, Бад Феслау и Бад Фишау-Брун.

Делови: Виенска Котлина во потесна смисла. Делот во Чешка се нарекува Долноморавска Долина, а оној во Словачка го носи името Борска Низина и е дел од областа Загорје Моравско Поле (Мархфелд) во Долна Австрија Хвојнички Ридови во Словачка.

Борската Низина и Хвојничките Ридови збирно се нарекуваат Загорска Низина.

Геологија Геолошките образби на Виенската Котлина се низа седиментни слоеви наталожени за време на неогенот. Котлината настанала со механизам на растргнувањеPlašienka, D., Grecula, P., Putiš, M., Kováč, M. a Hovorka, D., 1997: Evolution and structure of the Western Carpathians: an overview. Mineralia Slovaca - Monograph, Košice, s. 1 – 24, и раседот на кој таа лежи е сеизмички активен до денес. Позначајни земјотреси во котлината се оној во Карнунт кон средината на IV век и земјотресот во Нојленгбах од 1590 г.

Поврзано Средна Европа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Географија на Австрија Категорија:Географија на Словачка Категорија:Географија на Чешка Категорија:Котлини во Австрија Категорија:Региони во Европа