Џамија (Тисовица) — главна и единствена џамија во селото Тисовица, во Општина Зелениково, Македонија.

Се претпоставува дека џамијата е изградена во 1932 година, кога била само обновена куќа без минаре.

Пред изградбата на џамијата, верските потреби, тисовичките муслимани ги извршувале во џамиите во селата Гумалево и Палиград.

Не се знае точниот период, но селската џамија денес поседува и мало минаре.

Наводи

Категорија:Тисовица Категорија:Џамии во Општина Зелениково Категорија:Џамии во Скопското муфтиство