Бамиделе Џермејн "Деле" Али (англиски: Dele Alli; роден на 11 април 1996 во Милтон Кинс) — англиски фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов е без клуб.
Животопис Али е роден и израснал во Милтон Кинс, Бакингхампшир, од нигериски татко Кени и мајка англичанка Денисе. Во детството тој бил голем навивач на Ливерпул и на Стивен Џерард.
Технички одлики Подолго време се смета за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, Али е модерен играч од средниот ред, таканаречен "box-to-box", со можност да игра на повеќе позиции во средниот ред и во двете фази на играта.
Клупска кариера Милтон Кинс Донс thumb|left|250px|Деле Али во дресот на Милтон Кинс Донс во 2015. Али е производ на младинскиот сектор на Милтон Кинс Донс, кому му се приклучил кога имал само 11 години. Своето деби за првиот тим го направил на 2 ноември 2012 со само 16 години, кога влегол како замена на местото на Џеј О'Шеи во 64-тата минута од натпреварот од првото коло на ФА Купот против Кембриџ Сити што завршил 0-0. Единаесет дена подоцна во преигрувањето против Кембриџ, Али го постигнал својот прв професионален погодок во победата на неговата екипа со 6-1 победа на домашен терен. Својот прв лигашки настап го направил на 29 декември во поразот на домашен терен од Ковентри Сити со 2-3 почнувајќи како стартер, но бил заменет во 71-вата минута од Зели Исмаил. До крајот на сезоната Али одиграл само уште еден првенствен натпревар и тоа во последното коло против Стивениџ во победата со 2-0, влегувајќи од клупата.
Следната сезона тој станал стандарден првотимец, правејќи 33 настапи во Лига Еден и постигнал 6 гола.
На почетокот на сезоната 2014-2015 Али бил во одлична форма и тоа го потврдил на 26 август 2014, кога ги одиграл сите 90 минути во историската победа на МК Донс над Манчестер Јунајтед со 4-0 во вториот круг од Лига Купот. После натпреварот било објавено дека голем број на скаути од големите клубови во Европа присуствувале на натпреварот за да го видат Али како игра, вклучувајќи ги и претставниците на Баерн Минхен и Ливерпул. На 20 септември постигнал хет-трик (негов втор во кариерата) во победата со 6-1 на домашен терен над Кру Александра. Тој продолжил со својте добри игри во текот на сезоната во Лига Еден, постигнувајќи 16 гола и помагајќи му на МК Донс да избори промоција во Чемпионшип лигата откако го освоиле второто место.
Тотенхем На 2 февруари 2015, во последните часови од трансферниот прозорецот Тотенхем го купил Али за 5 милиони фунти, потпишувајќи договор на пет години, но го оставиле младиот играч од средниот во неговиот клуб МК Донс до крајот на сезоната 2015-2016. Во текот на летото 2015, Али му се приклучил на Тотенхем за подготовките за следната сезона 2015-2016. На 8 август 2015, Али го направил своето деби за Тотенхем во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед во поразот со 1-0 нагости на Олд Трафорд, играјќи како замена во последните во 13 минути на местото на Ерик Дајер. Две недели подоцна, тој го постигнал својот прв гол за клубот по влегувањето во игра на местото на Кристијан Ериксен во ремито 1-1 против Лестер Сити.
На 13 септември, Али го направил својот прв старт за Тотенхем во победата со 1-0 над Сандерленд на Стадионот на светлината. На 2 ноември, го постигнал својот втор гол за сезоната во победата со 3-1 над Астон Вила. Шест дена подоцна, тој го одиграл своето прво Северно-лондонско дерби започнувајќи како стартер заедно со Ерик Дајер на центаралните позиции во средниот ред, и бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1-1 со Арсенал. На 23 јануари 2016, Али постигнал фантастичен гол во последните минути десет минути од натпреварот против Кристал Палас за да ги доведе "петлите" во водство со 1-2 (на крајот Тотенхем победил со 1-3); голот дошол откако успеал да исконтролира една незгодна топка на работ од шеснаесетникот притоа префрлајќи ја преку противничкиот играч и со волеј-удар од свртување го совладал голманот во поблискиот агол. На 10 април бил стрелец на првиот гол во победата со 3-0 над Манчестер Јунајтед на Вајт Харт Лејн. На 18 април Али постигнал два гола во победата на Тотенхем со 4-0 на гостувањето кај Стоук Сити, стигнувајќи до бројката од десет гола во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата.
Репрезентативна кариера На репрезентативно ниво Али ја претставувал англиската репрезентација во селекциите под 17, под 18, под 19 и под 21 година.
Во февруари 2015 Али добил повик да игра за Нигерија од каде е и по потекло. Сепак, на 1 октомври истата година, тој добил повик од селекторот на англиската репрезентација Рој Хоџсон за последните два квалификациски натпревари за европското првенство 2016 против Естонија и Литванија. Дебитирал на 9 октомври против естонците, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот на местото на Рос Баркли во победата со 2-0. На 17 ноември 2015, во својот прв старт за националниот состав Али го постигнал и својот прв гол совладувајќи го својот соиграч од Тотенхем Иго Лорис со удар од далечина во победата над Франција со 2-0 во пријателски натпревар одигран на Вембли.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 април 2016.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 МК Донс ФЛ1 2 0 ФАКуп+ЛК 5+0 1+0 - - - - - - 7 1 2013-2014 ФЛ1 33 6 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - ТФЛ 1 1 37 7 2014-2015 ФЛ1 39 16 ФАКуп+ЛК 1+4 0 - - - - - - 44 16Вкупно МК Донс 74 22 13 1 1 1 88 24 2015-2016 Тотенхем ПЛ 31 8 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛЕ 9 0 - - - 42 7Вкупно во кариерата 105 30 17 1 9 0 1 1 130 30
Натпревари во кој постигнал хет-трик
Видеа Неверојатниот гол на Али против Кристал Палас на 23.01.2016
Наводи
Надворешни врски
Деле Али на soccerway Деле Али на transfermarkt Деле Али на espn Деле Али на Goal.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Милтон Кинс Донс Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Комо Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1996 година