мини|Приказ на Иктин и Каликрат на фасадата на историската зграда на Универзитетот во Атина. Насликано во 19 век од баварскиот сликар Карл Рал и полскиот сликар Едвард Лебиетски. Иктин (грчки: Ικτίνος) бил старогрчки архитект во 5 век п.н.е., кој, заедно со Каликрат бил конструкторот на Партенонот (447–432 п.н.е.) во Атина.
За неговиот живот знаеме малку, најмногу од текстовите на Плутарх.
Најцелосниот пример за неговите дела зачуван денес е Хефестовиот храм во Атина, кој е релиси сосема зачуван заради тоа што подоцна бил црква. Ова е Дорски храм.
Се верува дека Иктин го конструирал и Аполоновиот храм во Васаи, каде за првпат (колку што знаеме) бил употребен Коринтскиот столб, како и Телестерионот, гигантска хала во Елевзин за употреба на Елевзинските мистерии.
Францускиот уметник Жан Огист Доминик Енгр има насликано слика со сцена со архитектот и лирскиот поет Пиндар под наслов Пиндар и Иктин изложена во Националната галерија, Лондон.
Поврзано Каликрат Партенон
Наводи Користена литература
Категорија:Архитекти Категорија:Старогрчки архитекти Категорија:Починати во непозната година Категорија:Родени во непозната година