Мост кај Бешка () – бетонски мост на Дунав близу до Бешка, Србија. Мостот бил пуштен во сообраќај во 1975 година во рамките на проектот автопат Белград-Нови Сад-Суботица и е најголемиот мост на Дунав.

Првиот мост бил дизајниран од архитектот Бранко Жежељ, кој ги дизајнирал и Хала 1 на Белградскиот саем, Жежељовиот мост и станицата Прокоп. Го градела „Мостоградња“ од 1971 до 1975 година Двапати бил бомбардиран и делумно разурнат за време на бомбардирањето на НАТО на Србија на 1 април 21 април 1999 година. Кратко време по завршувањето на бомбардирањето бил времено саниран и повторно отворен на 19 јули 1999 година со оглед дека е важен дел од автопатот Е75.

Од 2008 до 2011 година изграден е мост близнак веднаш до првиот, од десна страна. Градбата ја вршел конзорциум под водство на австриската група Алпин Бау и бил пуштен во сообраќај на 3 октомври 2011 година . По неговото пуштање во употреба, стариот мост бил затворен за реконструкција и повторно пуштен во сообраќај во август 2014 година

Наводи

Категорија:Мостови во Србија Категорија:Мостови преку Дунав