Свети Илија — главна селска црква во селото Сулдурци.
Местоположба Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја Црквата била осветена на 14 ноември 2010 година со света божествена литургија со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има полукружна ниша со фреска на којашто е насликан Свети Илија. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезарија, бунар и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна железна конструкција покриена со пирамидален кров. Сместена е нпосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата.
Галерија
Поврзано Сулдурци Црква „Св. Атанасиј“ Радовишко архијерејско намесништво Ораовичко-воиславска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сулдурци Сулдурци Категорија:Македонската архитектура во 2010 година