Душан Грабријан (1899 - 1952) е словенечки архитект, познат и како професор и публицист. Меѓутоа од 1930 до 1940 година бил професор на Средното техничко училиште со седиште во Сараево. Во 1945 година работи како хонорарен професор, предавач и доцент на факултетот за градежништво, архитектура и геодезија на љубљанскиот Универзитет по предметот основи на проектирање и историја на архитектура. Тој е еден од првите тројца дипломирани кај професорот Јоже Плечник. Професорот Грабријан е архитект-теоретичар со големи познавања, педагог, предавач, прецизен аналитичар, стилист и критичар. Добро ги владеел идеите на Ле Корбизје, Алвар Алто, Врајт, Адолф Лос. Во старата муслиманска архитектура тој ги откри допирните точки со архитектурата на Ле Корбизје која се смета за авангардна во тоа време, и нешто подоцна ја согледува сличноста меѓу архитектурата на Ле Корбизје и старата македонска куќа за која и објавува своја книга. Неговата мисла беше „Треба да се тргнува од родната земја и притоа да се почитуваат придобивките на современата архитектура“. Тој почнува да ја набљудува Македонија во 1946, 1947, 1949 и 1950 година. Своите истражувања за Македонија ги сведува на растежот и оформувањето на македонската фолклорна архитектура, посебно на македонската словенска куќа, истите да ги продлабочи и поткрепи со поголема документација.
Почетоци и влијанија Архитектонското наследство на Југословенските народи Како млад архитект својата работа ја започнал во Босна барајќи допирни точки со средината и откривајќи го културното наследство. Домашната уметност, наследството го бара и истражува преку двата пола: фолклорот и стилот. Фолклорот е општ израз на народот од времето кога сè уште немало услови, што би овозможиле целосно оформена уметност, доколку стилот бара веќе развиена политичка, стопанска и културна средина. Почетоците на развој започнуваат од периодот кога Германците ја окупираа Словенија, го избркаа народот од селата и на нивно место доведоа свои, рушејки ги козолците. По некоја година поднебјето ги присили за повторно да ги изградат. Анализата на фолклорот, и куќите од другите краишта како алписка, панонска, средоземска итн. кои исто така настанале во нашата земја, во нив можат да се забележат стотина други траги од различни стилови и влијанија. Се мисли потоа и на нашите стилски творби и ретки примери од минатото, кога наши народи достигнале услови што им овозможиле да го развијат својот народен стил: на македонските и српските манастири - споменици со непроценлива вредност. Влијанието се гледа и на провинцискиот одраз на романскиот, готскиот и на ренесансниот стил во црковните споменици Далмација и Истра кои се развиле под културно наследство на центрите надвор од нашата земја. Како пример се земаат замоците од Хрватско Приморје и цо Словенија, од времето кога нашите феудалци сакале да живеат слично на своите господари од центрите, кои така, посредно или не посредно, влијаеле врз развојот на нашата архитектура. Се мисли и на барокните цркви во Словенија, осносно на барокниот стил во народно издание, на градските куќи во Босна, Санџак и во Македонија, на работата на непознатите дунѓери-мајстори, кои придржувајќи се кон византиската и ориенталната традиција воедно имајќи ги предвид домашните услови, го изградиле целиот Балкан. Највисокиот уметнички израз, односно на стилот и спомениците во Пореч, Пула, Солин, Сплит, Охрид и во многу други места, како за општа културна историја се сметаат за анонимни споменици или пак провинциска претстава на некоја уметност која дошла од туѓ центар. Според Душан Грабријан меѓу ориенталската и европската куќа постои празнина и дека поврзувачките елементи, што ја исполнуваат таа празнина се јавиле во нашата земја.Такви меѓуелементи од две различни зивилизации можело да се развијат само во Македонија, каде што за тоа постоеле посебни услови. Со таква перспектива не се земаат само фолклорот и домашната архитектура, туку се ова допира само до општата станбена архитектура, при што нам ни припаѓа одредено место во општата историја.
Македонска куќа мини|Охридска куќа Фактори за организација на станбената површина Фактор клима Она што битно ја одделува европската од македонската куќа е факторот клима. Факторот клима наложува некоја двојност во градењето на македонската куќа или под одлики камено, масивно приземје со визби и високо приземје со бондрук со простории за живеење. Од овие поделби на просториите за живеење се наложува и втората поделба - делење на становањето на лето и зима.Тоа е почетокот на диференцијацијата на станот на зимски и летен. Стандардот на жителите на овие куќи најчесто не дозволува да се развиваат комплетни наменски простории. Македонија е земја со големи климатски промени, како тропските летни жеги до најостри зими, што наложува и распоредот во станбените простори да е карактеристичен. Пример: Топлината, смрадот и инсектите се причина што летната кујна се наоѓа под тремот во приземјето или во дворот. Фактор потреба Нашата најстара зачувана, регионална европска куќа е динарската куќа. Таа настанала од "димницата" што истовремено е и цоба, кујна, визба и претсобје. Освен кујната, од неа подоцна се развиваат најмногу уште една до две соби, во кои се влегува директно од кујната. Македонската куќа има голема развојна можност и диференцијација на просториите. Освен кујната има уште две соби во кои се влегува непосредно од чардакот. Освен на зимски и летни, македонската куќа може да се подели и на стопански простории, простории за домаќинот, за домаќинката, санитарии, простории за живеење и на поврзувачки простории. Според диференцијацијата што ја достигнува развојот на просториите се определува и стандардот на жителите на куќата.
Разлики помеѓу македонската и ориенталската куќа Разликите помеѓу ориенталско-босанската и македонската куќа излегуваат првенствено од различниот начин на живеење во куќата, што се одразува и врз организацијата на просторот за живеење и неговата опрема.Ориентаската куќа се отвора и се расчленува во дворот (босанска авлија), но затоа се затвора кон улицата. Македонската куќа се затвора во приземјето, но затоа со сите одаи и чардакот се отвора кон улицата. Разлики има и во просториите за домаќинство, кои во ориенталската куќа тие простории се одделуваат од дворот колку штоа многу подалеку од просторот за живеење. Голема разлика има и во санитариите, секоја турска куќаима сопствена бања (амам), секоја босанска соба пак свое амамче. Најголемите разлики помеѓу двете куќи се во просториите за живеење, просториите за комуницирање и просториите за заеднички собирања. Ориенталската диванхана е создадена за харемски потреби, првенствено наменета за жените кои живеат во куќите, а за примање на гостите служи селамлук. Македонската куќа е поотворена и приспособена за работа, додека ориенталската позатворена и наменета за задоволства и уживање.
Просторна архитектура на македонската куќа Квалитетот на македонската куќа е во нејзината просторна пластика. Просторот почнува да се развива во подрачјето за поврзување, на патот од портата, преку дворот и тремот до чардакот. Тој развој започнува кај штипската елементарна и приземна куќа со трем во приземјето, натаму продолжува во велешката еднокатна, ниска куќа, со чардак во срединта и поткренати минсофи - паралелно со овој развој оди и развојот на охридската висока куќа, којшто почнува со хангарска куќа и го достигнува својот врв во двоетажниот трем и огромните чардаци под покривот. Ниска куќа Чардак Кај штипската приземна куќа тремот истовремено е и чардак со простории за живеење. Тремот се крева над стрмнината со вкопана визба и со потпрени скали што водат во тремот. Во друг случај тремот останува во приземјето, а чардакот и живеалиштето се креваат над него; вака е обично кај велешката ниска куќа. Распределувањето на просториите не е рамномерно, затоа и тремот е празен и просторно - пластично оформен со визби и со зимско живеалиште. Во средината на куќата нема трем, туку чардак и просториите што одат со него. Собите околу чардакот најчесто се со обична, стереотипна, квадратна или правоаголна основа, таков е и килимот на подот, такви се и резбарените тавани. Самите простории возможно е самите да се приближуваат или да се оддалечуваат во просторот на чардакот притоа ѕидот на чардакот меандрично ќе се расчленува. Просторот на чардакот може да се продолжи со ходници (тробусани) и да се расчленува кон надворешната страна со минсофа или со троњ да се развие кон надворешниот простор. Чардакот се пробива меѓу просториите до светлост и воздух, како подредување и агломерација. Минсофа Развој во височина каде што особеностите на оваа композиција се поизразити отколку кај типичните примери. Во велешката куќа се влегува од долната страна, се качува низ портата и претпросторот што се отвора во дворот, дворот е половина етаж повисок и во него се нечистите простории кујната и санитариите со шталата во посебен двор, зад кујната е отворениот чардак до кој се стига преку потпрени скали во оска со куќата сè до кренатата минсофа и од собите. Во кочанската куќа овој пат на куќата се одвива преку рамен терен. Од улицата се влегува низ портата во претпросторот кој се шири во дворот, по скалите до чардакот кој е на две нивоа, долно и горно, или до минсофата со поглед низ прозорец. Во Крушево пак има затворени чардаци или двоен чардак. За разлика од Велешката куќа, овде патот се одвива во затворен простор меѓу тремот, чардакот и монсофата - само во еден единствен простор што е на три нивоа. Чардакот е висок поради својата големина, а тремот и минсофата пониски. Висока куќа Хангар куќа Охридската куќа е развиена под сосема посебни услови. Турците им доделиле на христијаните во Охрид многу мал простор крај езерото и ридот наменето за градба. Затоа поради безбедност Охриѓаните сакале да видат собрани заедно на едно место. Така е создадена и потребата за стеснување и градење куќи на ридот, а како последица на тоа се вѕиданите, длабоки и високи куќи. За разлика од велешката ниска или павилјонската куќа, која се расчленува во надворешниот простор - така се развила охридската вѕидана градба, која се развива кон внатре. Најчесто избира само една широчина во просторот помеѓу два попречни ѕида, кои покриени го образуваат таканаречениот хангар. Охридската куќа има само еден простор во приземјето, тремот, во кој слободно стојат санитариите и ходникот крај влезот, во средината се скалите или лествици и во дното кујната. Во длабок сенчест простор, меѓу кујната и скалите е поставена маса со клупа кои служат како трпезарија и дневен простор, или го заменуваат чардакот. Централно поставените скали водат до претсобјето на катот кој води до собите. Ист пример се среќава и кај куќите на Ромите во Струга на кои цело приземје им претставува трем, катот чардак и простории од задната страна. Овие куќи се изѕидани од три страни. Како ист пример е и вѕиданата рибарска куќа во Охрид поставена на стрмнина, крај езерото.
Структурна и пластична архитектура Материјал Темели Прва особеност е куќа која е поставена на карпа, потсетува на грчките светилишта кои како да изникнуваат од почвата. Некогаш македонската куќа од предната страна ја гледаме целата со фасадата, додека внатре и од страната куќата преминува во карпа, во која се всечени скали или рампа која води до катот (Кратовска куќа). Приземје Приземјето е изградено од необработен камен, реден камен, шкрилец, реден во плочи какви што кршат во каменоломите, камењата се поврзуваат со кал од глина и со хоризонтални дрвени поврзувачи (појаси)- приземје кое потсетува на архаичната македонска градба. Мрежест ѕид со нагласени споеви, фигуриран со вар како декор на камениот ѕид. Потоа се среќава ќерпичот кој е тула сушена на сонце. Тој се среќава секаде каде што нема проблеми со влага и опасност и е под покривот. Кај високите приземја високиот долен и преден дел на куќите има носечка функција и е од реден камен, горниот, задниот и повисок дел од покривот - бондрук е исполнет со ќерпич. Кат