Црквата Св. Димитриј — поранешна патријаршиска црква која се наоѓала во градот Струмица, Македонија. Историја

Црквата била изградена во текот на 19 век и била под контрола на Цариградска патријаршија, и претставувала седиште и соборна црква на грчкиот митрополит. Во близина на црквата се наоѓало грчко училиште. Во 1869 година градот Струмица бил зафатен од пожар, во кој настрадала и самата цркваМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 147.. Црквата во следните години била обновена. Еден изворен податок сведочи дека за нејзиното обновување биле потрошени околу 4.000 турски лири, „собрани од струмичкиот христијански народ“Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 158..

По крајот на Балканските војни, градот Струмица бил опожарен од страна на грчките сили, кои пред да се повлечат од градот меѓу другото ја опожариле и самата црква.

Во 1922 година црквата била целосно разрушена. Денеска, на нејзините темели се наоѓа ОУ „Маршал Тито“.

Наводи

Категорија:Цркви во Струмица Струмица Категорија:поранешни цркви во Македонија