Рос Баркли (англиски: Ross Barkley; роден на 5 декември 1993 во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Челси и на англиската репрезентација.

Технички одлики Се работи за поливалентен играч, чија главна позиција е онаа на офанзивен играч од средниот ред кој игра зад напаѓачот/чите, но исто така може да игра како централен играч од средниот ред. Опремен со многу добра поединечна техника, добро се снаоѓа со двете нозе, со голема физички сила и агилност се неговите главни предности, но исто така, има многу добар дриблинг и квалитетен шут од далечина.

Клупска кариера Рана кариера Баркли ја започнал својата кариера на 11-годишна возраст кога и се приклучил на академијата на Евертон и потоа напредувал низ сите младински екипи сè до првиот тим. Тој бил избран да биде резерва во првенствен натпревар на првиот игра во почетокот на сезоната 2010-2011, и се очекувало набрзо да го направи своето деби во Премиер лигата пред да ја скрши ногата на дури три места по судир со соиграчот Андре Висдом за време на еден натпревар на англиската репрезентација под 19 години во октомври 2010 година.

Тој закрепнал од повредата на време за да му се приклучи на подготовките на првиот тим пред почетокот на сезоната 2011-2012. За време на пред-сезоната, еден од најдобрите играчи на Евертон во тој момент Тим Кејхил рекол за Баркли дека тој е еден од најталентираните фудбалери со кои работел. Тој го направил своето деби во првиот домашен натпревар на Евертон во сезоната, поразот со 1-0 од Квинс Парк Ренџерс, и бил прогласен за играч на натпреварот од страна на Радио Сити спорт. Неговите први настапи му донеле силни пофалби од некогашниот дефанзивец на Арсенал Мартин Кион кој како предвидување рекол "тој [Баркли] ќе биде еден од најдобрите играчи што некогаш ќе видите во оваа земја." Тој потпишал нов четири и пол годишен договор со клубот во декември 2011.

На 14 септември 2012 година, Баркли му се приклучил на Шефилд Венздеј во Чемпионшип лигата на заем за еден месец и дебитирал истиот ден во поразот на гости од Брајтон и Хоув Албион."Brighton 3–0 Sheff Wed". BBC Sport. 14 September 2012. Retrieved 27 October 2012. Тој го постигна својот прв гол за клубот, од пенал, против Болтон во следното коло."Sheffield Wed 1–2 Bolton". BBC Sport. 22 September 2012. Retrieved 22 September 2012. Неговиот заем бил продолжен пред тој да биде повикан да се врати назад во Евертон, откако одиграл 13 натпревари за Венздеј."Everton's Ross Barkley extends Sheffield Wednesday loan". BBC Sport. 22 October 2012. Retrieved 27 October 2012. Тој бил позајмен повторно, овој пат во Лидс Јунајтед во јануари 2013 година и го направил своето деби за Лидс во дербито против Барнсли.

Евертон

Баркли бил вратен во првиот тим на Евертон за сезоната 2013-2014. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во првото коло од Премиер лигата, ремито 2-2 против Норич Сити, а подоцна бил прогласен за играч на натпреварот. На 22 декември 2013, тој го постигнал победничкиот погодок за Евертон на гостувањето кај Свонзи Сити. На 4 јануари Баркли го постигнал својот прв гол во кариерата во натпреварите од ФА Купот, првиот за Евертон во победата со 4-0 над Квинс Парк Ренџерс во третото коло. Во март, Баркли постигнал прекрасен гол со соло-продор против Њукасл Јунајтед изнесувајќи ја топката од својата половина до мрежата на противникот, носејќи му на својот тим водство од 1-0 во победата со 3-0. На 18 април 2014, тој бил именуван како еден од шесте играчи на листата кандидати за добитник на наградата ПФА млад играч на годината. Тој постигнал вкупно 6 гола во 34 настапи во Премиер лигата во текот на сезоната, вклучувајќи го и погодокот против Манчестер Сити на 3 мај кој БиБиСи спорт го опишале како "спектакуларен" и бил избран за гол на сезоната на Евертон.

На 29 јули 2014 година, Баркли потпишал нов договор со Евертон кој ќе го задржи во клубот до 2018 година. Пред почетокот на сезоната 2014-2015 тој претрпел повреда на неговата медијалните лигаменти, и бил надвор од акција сè до 18 октомври 2014, кога се вартил со асистенција за погодокот на Ромелу Лукаку во првенствената победа на домашен терен над Астон Вила со 3-0. Тој го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над Квинс Парк Ренџерс на 15 декември."Everton 3–1 QPR". BBC Sport. 15 December 2014. Retrieved 17 March 2015.

Сезоната 2015-2016 Баркли ја започнал постигнувајќи гол во првите два натпревари на Евертон во лигата против Вотфорд и Саутхемптон."Everton 2–2 Watford". BBC Sport. 8 August 2015. Retrieved 9 August 2015. Тоа била неговата најдобра сезона во кариерата, ги одиграл сите 38 натпревари во Премиер лигата и постигнал највисоки за него во кариерата 8 голови во една првенствена сезона. Тој, исто така, постигнал 4 гола во куповите (2 во ФА Купот и 2 во Лига купот) што вкупно го донело до бројката од 12 голови за сезоната, што исто така е негов личен рекорд и до денес е единствената сезона во неговата кариера во која постигнал двоцифрен број голови.

На почетокот на сезоната 2016–2017, Баркли постигнал гол во првото коло од сезоната, стрелајќи во мрежата на Тотенхем во ремито 1–1 на домашен терен. Во мај 2017, менаџерот на Евертон Роналд Куман му поставил ултиматум на Баркли, дека доколку не го потпише договорот за продолжување со клубот кој му е понуден, тој ќе биде продаден во текот на летото. Потоа на 26 јули, Куман потврдил дека разговарал со Баркли и дека играчот му рекол дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера поради што нема да потпише нов договор со Евертон.

Баркли не се појавил во ниту еден натпревар на Евертон во сезоната 2017-2018, поради повреда на тетивата.

Челси На 5 јануари 2018 година, Баркли потпишал за за сума од 15 милиони фунти, потпишувајќи пет и пол годишен договор со бранителот на титулата. Од клубот му бил доделен дресот со број 8, истиот број што го носел и во Евертон. Баркли бил блиску до приклучување на Челси претходно во последните моменти од летниот преоден рок, но трансферот не се реализирал поради тоа што претрпел долготрајна повреда и сакал да ги разгледа неговите опции. Баркли го направил своето деби во поразот со 2–1 од Арсенал во реванш полуфиналето од Лига купот на 24 јануари. Тој влегол како замена во првото полувреме, на местото на повредениот Вилијан. Своето деби во Премиер лигата со Челси, Баркли го направил во поразот на домашен терен со 3-0 од . На крајот на сезоната, тој бил неискористена замена во Финалето на ФА Купот 2018, во кое Челси го победил Манчестер Јунајтед со 1-0, резултат што му овозможил на Баркли да го освои својот прв трофеј во професионалната кариера.

Репрезентативна кариера Баркли ја претставувал англиската репрезентација речиси во сите младински селекции почнувајќи од онаа под 16 години до селекцијата под 21 година.

За сениорската репрезентација дебитирал на 6 септември 2013 во квалификациски натпревар за Светското првенство 2014 против Молдавија на Вембли, влегувајќи во игра на местото на Џек Вилшер во победата со 4-0. Во јуни 2014 бил избран во составот од 23-ца играчи за Светското првенство во Бразил, и дебитирал веќе во првиот натпревар од групната фаза влегувајќи на местото на Дани Велбек во 61-вата минута во поразот со 2-1 од Италија. Својот прв гол за гордиот албион го постигнал во септември 2015 во победата со 6-0 над Сан Марино во квалификациите за Евро 2016.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 април 2016. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Евертон ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 9 0 2012-2013 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 9 0 2012-2013 Шефилд Венздеј ЧЛ 13 4 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - 13 4 2012-2013 Лидс Јунајтед ЧЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 4 0 2013-2014 Евертон ПЛ 34 6 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 38 7 2014-2015 ПЛ 29 2 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛЕ 5 0 - - - 36 2 2015-2016 ПЛ 34 8 ФАКуп+ЛК 3+6 2+2 - - - - - - 43 12Вкупно Евертон 110 16 20 5 5 0 - - 135 21Вкупно во кариерата 127 20 20 5 5 0 - - 152 25

Титули Клупски Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026

Наводи

Надворешни врски

Рос Баркли на soccerway Рос Баркли на transfermarkt Рос Баркли на espn Рос Баркли на Goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Венздеј Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1993 година