Серија А 2015-2016 била 114-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односоно 84 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 22 август 2015, а завршила на 15 мај 2016 година.
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2014-2015. Карпи, Фрозиноне и Болоња биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 25 април 2016, Јувентус ја одбранил титулата на три кола пред крајот после поразот на нивниот главен конкурент Наполи од Рома во Рим со 1-0. На крајот Наполи го освоил второто место и избориле право да играат во Лигата на шампионите 2016-2017, додека третопласираната Рома се изборила за место во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите 2016-2017.
Четвртоплаисраниот Интер и петопласираната Фјорентина избориле место во Лигата на Европа 2016-2017, подоцна ним им се приклучил и шестопласираниот Сасуоло откако во финалето на Купот на Италија Јувентус - кој веќе имал изборено учество во европските натпреварувања за слендата сезона - го победил Милан.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Карпи, Фрозиноне и Верона.
Најдобар стрелец за сезоната бил Гонсало Игуаин од Наполи со 36 постигнати гола, со што го скршил рекордот на Гунар Нордал од сезоната 1949-1950 за најмногу постигнати голови од еден играч во една сезона во Серија А.
Општо Првенството започнало на 22 август 2015 со натпреварите од првото коло и завршило на 15 мај 2016. На 27 јули 2015 во Милано било одржано извлекувањето на натпреварите од календарот. Според програмата натпреварите од календарот требало да се играат секој викенд, освен на 6 септември 11 октомври и 15 ноември 2015 како и 27 март 2016 како дати за кој биле закажани натапите на националните репрезентации, додека на 27 декември 2015 и 3 јануари 2016 година немало италијански фудбал поради тоа што првенството бил на пауза заради Новогодишните и Божиќните празници.
Бројот на екипите и како позициите кој носат квалификација во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА се исти како и претходната сезона. По завршувањето на првенството, првите три екипи ќе се здобијат со право на учество во Лигата на шампионите 2016-2017, првите два во групната фаза, а третиот во квалификациската плејоф рунда, во зависност од резултатите од европските купови; четврта и петтата екипа на табелата, се квалификува за Лига Европа 2016-2017, заедно со победникот на Купот на Италија. Шестопласираната екипа ќе има право на учество во Лигата на Европа, само ако победникот во националниот куп е некоја од екипите која веќе има обезбедено учество во некое од Европските натпреварувања.
Првите осум екипи на табелата се пласираат во осминафиналето на Купот на Италија 2016-2017 како носители, и таму имаат предност натпреварот да го играат на домашен терен.
Каљари, Чезена и Парма биле екипите кој испаднале од Серија А претходната сезона : Каљари испаднал после единаесет сезони по ред во Серија А, Чезена се вратила во Серија Б по само една сезона во Серија А, додека екипата на Парма по шест сезони поминати во низа во Серија А, како последна екипа на табелата испаднала во понизок ранг на натпреварување. Подоцна Парма поради банкрот била префрлена во Серија Д. На нивно место Карпи како првопласирана и Фрозиононе како второпласирана екипа во Серија Б 2014-2015 се пласирале директно во италијанската елита, а интересно е тоа што и двете екипи дебитираат во Серија А. Болоња која била четвртопласирана после регуларниот дел од сезоната им се приклучила на дваете горе споменати екипи во Серија А како победник на плејофот во Серија Б. Дури во сезона 1993-1994 за последен пат се случило во првенството да влезат две екипи што никогаш претхдно не играле во Серија А: во тоа време тоа биле екипите на Пјаченца и Реџана кој дебитирале во највисоката лига.
Од оваа сезона, новина во Серија А е воведувањето на Hawk-Eye технологијата на головите, како систем за детекција, која покажува дали топката ја поминала гол линијата или не, а со тоа да се елиминираат судиските грешки по ова прашање, или да се намалат епизодите на фантомски голови. Една мала промена, исто така е претставена со многу почесто совпаѓање отколку во минатото да постои натпревар од Серија А, во терминот од 15:00 часот во сабота (покрај веќе вообичаените термини за сабота од 18:00 и 20:45 часот).
Настани Прв дел од сезоната (Андата) Почетокот на сезоната, предвиден за крајот на август (нешто порано од вообичаеното) поради Европското првенство 2016, донел неколку изненадувања, вклучувајќи го и негативниот старт на бранителот на титулата Јувентус, кој останал без ниту еден освоен бод по првите сто и осумдесет минути, со што станале главните ликови на најлошиот старт во едно првенство во историјата на овој клуб (во апсолутна смисла уште од шеснаесеттото првенство (1912-13)). Интер, ослободен од обврските кон Евро-турнирите, се искачил на чело на табелата по пет кола со максимален број бодови. Нероаѕурите, кои не биле на врвот цели пет години, овојпат дошле особено благодарение на нивната одбрана, примајќи само еден гол во овој дел од сезоната. Околу септември, Фjорентина го победила Интер со 4-1 во гости, благодарение на хет-трикот на Никола Калиниќ, и го презема водачкото место во лигата од нероаѕурите. thumb|upright|left|Гонсало Игуаин, водачката фигура во екипата на Наполи на Маурицио Сари, која била зимски првак во првенството (campione d'inverno).
По преземањето на првото место (за првпат водачи на табелата после 17 години) виолетовите останале во водство три кола, покажувајќи добра игра сè до поразот на домашен терен од Рома, со кој џалоросите го презеле врвот на две кола, пред во единаесеттото да загубат на гостувањето во Милано од Интер со 1-0 со првиот гол во италијанското првенство на Гари Медел. Екипата на Роберто Манчини се осамостоила на врвот на 22 ноември, победувајќи го новакот во лигата Фрозиноне (4-0), затоа што до тоа коло тие биле изедначени на првото место по бројот на бодови со Фјорентина. Меѓутоа првото место тешко се брани од конкурентите и веќе во следното четеринаесетто коло Интер бил поразен во Неапол и го предал првот на Наполи на Гонсало Игуаин (најдобриот стрелец во лигата во тој момент), кој бил стрелец и на двата гола во успехот на наполитанците со 2-1. Наполи продолжил со одличните игри и останал на врвот до крајот на првиот дел од сезоната (андата) со што станал зимски првак (campione d'inverno), но со само два бода повеќе од новиот конкурент за скудетото Јувентус и Интер; по слабиот почеток бјанконерите наредиле 9 победи по ред и се искачиле на второто место со 39 бода колку во тој момент имал и Интер, но подобрата гол-разлика била во корист на екипата од Торино. Првиот дел од сезоната на четвртото место го завршила Фјорентина со бод помалку од Јувентус и Интер и три помалку од Наполи, а Рома која во еден момент била водач на табелата западнала во голема резултатска криза и заостанала на петтото место со седум бода помалку од водачот.
Меѓу екипите кој разочарале во првиот дел од сезоната се Милан и Лацио. Ризик за слабо првнство се чини дека има Торино, додека Кјево и Аталанта биле стабилни во средината на табелата. Доста слаб прв дел од сезоната имала и екипата на Џенова, поготово ако се земеат предвид резултатите од претходната сезона, додека Емполи и Сасуоло уживале во својте најдобри денови во Серија А откако и двете екипи биле во првиот дел од табелата далеку од зоната за испаѓање. Болоња, ги порпавила својте резултати од почетокот на сезоната со доаѓањето на клупата на Роберто Донадони, додека на дното останала Верона, кој го завршил првиот круг од сезоната дури и без победа во првенството.
Втор дел од сезоната (Риторно) Во текот на првата половина од сезоната, Интер иако долго биле на врвот не успеале да се одлепат од противниците, додека во втората половина од сезоната сме сведоци на издвојување на Наполи и Јувентус од останатите конкуренти за скудето на солидна дистанца: бјакнонерите, по победата над Кјево во гости (0-4), стигнале до нивната 12-та последователна победа меѓутоа Наполи одговорил со убедлива победа над Емполи (5-1). Фjорентина и Интер, гонителите на водечката двојка, сега веќе останале доста назад на табелата. Екипата на Милан направила позитивен почетокот на новата година, со девет последователни натпревари без пораз (од кој пет победи), вклучувајќи ги и успесите во дерби натпреварите против Фјорентина и Интер, како и ремито против Наполи во гости. Со тоа росонерите се приближиле до својата цел трката за третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
thumb|upright|right|Младиот аргентинец Пауло Дибала дошол во Јувентус пред почетокот на сезоната и бил еден од главните протагонисти во освојувањето на петтото скудето по ред на бјанконерите со 19 гола и 9 асистенции. Надвор од врвот продолжила одличната серија на Болоња, која освоила 9 бода во првите три натпревари од вториот дел на сезоната по победата со 3-2 над Сампдорија, во период во кој слабо им оди и на двата клуба од Џенова, бидејќи и Грифоните и Самп биле заглавени непосредно пред зоната за испаѓање. Во самата зоната за испаѓање се наоѓа Верона, која останала без победа и по 23 натпревари во лигата, и двата дебитанти Карпи и Фрозиноне. Шестото повратно коло донело пресвртница на настани, со судири меѓу првите четири тима на табелата, Јувентус-Наполи и Фјорентина-Интер. Првиот натпревар бил одлучен во 88-мата минута кога напаѓачот на Јувентус Симоне Ѕаѕа постигнал прекрасен погодок: Јувентус дошол до својата 15 победа едноподруго (што е нивен клупски рекорд), и го престигнал Наполи на врвот, си го поврати приматот што му недостасуваше од претходната сезона, и така го заврши својот процес на враќање на врвот од -11 бода. Во вториот натпревар, сепак, Фиорентина издвојува победа со 2-1, изборувајќи се да остане осамена на 3-тото место и верификација на кризата на Интер, кој наскоро ќе биде престигнат од страна на Рома и скоро стигнат од Милан на -2.
Во 31-вото коло Јувентус го победил Емполи со 1-0 (со голот на Марио Манџукиќ), а Наполи загубил со 3-1 во Удине од Удинезе, зголемувајќи си го својот заостаток зад екипата од Пиемонт на -6. Зад нив, Рома го освоила дербито со Лацио (1-4) и продолжила брзо да се искачува сè до 3-то место, правејќи предност пред Интер, Фјорентина, Милан и Сасуоло, кој се приближува кон шестото место. На пет круга до крајот, Јувентус го совладал Палермо (4-0), а Наполи паднал во Милано против Интер (2-0), останувајќи на -9 од врвот. Кон крајот на сезоната, се јавува контроверзност помеѓу капитенот на Рома Тоти и тренерот Спалети: капитенот се покажал одлучувачки во два последователни натпревари, изедначувајќи го резултатот против Аталанта (3-3) во последните минути, а потоа, бил главниот лик во кам-бек победата против Торино, постигнувајќи два гола, по влегувањето во игра во 86-тата минута, оставајќи ја Рома во игра за второто место.