Гопло () — езеро во Кујавско-поморското Војводство во северниот дел на средна Полска, недалеку од градот Гњезно. По него е наречено и месното заштитено подрачје „Пределен парк Гопло“.
На почетокот на средниот век, бреговите на Гопло биле населени од западнословенското племе Гопљани. На северниот крај на езерото, во гратчето Крушвица се издига т.н. „Глувчешка кула“ . Нејзиното име потекнува од преданието за расипаниот кнез Попел, кој побегнал во кулата од побунетото население, за во неа да бде нападнат и изеден од глувци. Некои од историчарите и археолозите сметаат дека област на срцето на првата држава на Полјаните, кои важат за основоположници на Полска.Lozny, "Transition to Statehood", p. 283.
Белешки
Наводи Lozny, Ludomir (2004), "The Transition to Statehood in Central Europe", in Grinin, Leonid E, et al. (eds.), The Early State, Its Alternatives and Analogues, Saratov: Uchitel Publishing House, ISBN 5-7057-0547-6, pp. 278–87
Категорија:Езера во Полска Категорија:Кујавско-поморско Војводство