Национален парк Зангезур () — прв национален парк на Азербејџан. Бил создаден со декрет на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, како Национален парк Ордубад на површина од 12,131 км² во округот Ордубад, во Автономната Република Нахичеван на 16 јуни 2003 година. На 25 ноември 2009 година бил проширен на 42,797 км² и преименуван во Национален парк Зангезур.
Националниот парк Зангезур се одликува со богата биоразновидност. Има 58 вида на животни (35 цицачи и 23 инсекти) и 39 вида на растенија, кои се вклучени во Црвената книга на Азербејџан. Националниот парк поседува ретки и загрозени видови како анадолскиот леопад, планинската овца муфлон, коза преживар, белоглав морски орел, златен орел и мал дропја.
Според извештај на УСАИД во 2010 година (кој ги опишал националните паркови во Азербејџан, како „т.н. национални паркови“), јавниот пристап до Националниот парк Ордубад е невозможен, бидејќи е потребно лично писмо „добиено многу однапред пред предвидената посета и често одбивано“ од министерот за екологија и природни ресурси, но многу е тешко да го добијат невладини организации, меѓународни дарители или било кој надвор од владата.United States Agency for International Development, "Biodiversity Analysis Update For Azerbaijan" 2010.
Поврзано Список на национални паркови во Азербејџан
Наводи
Надворешни врски
Национален парк Зангезур
Категорија:МСЗП-Категорија II Категорија:Национални паркови во Азербејџан Категорија:Шуми во Азербејџан Категорија:Нахичеван