Бреша Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Бреша, Ломбардија. Во моментов се натпреварува во највискота лига по ранг во Италија, Серија А.

Клубот е основан во 1911 година и го држи рекордот по бројот на одиграни сезони во Серија Б со вкупно 53, вклучувајќи ги и 18-те по ред во периодот од 1947 до 1965, и биле победници трипати. Бреша има одиграно и 22 сезони во Серија А, каде најдобар пласман им е 7-мото место во сезоната 2001-2002, предводени од легендата на италијанскиот фудбал Роберто Баџо, исто така се квалификувале за Интертото купот за следната сезона и за првпат во својата историја клубот заиграл во некое од европските натпреварувања. Во Интертото Бреша стигнала до финалето, но загубила од Париз Сен Жермен поради правилото гол во гости, откако во двата натпревари резултатот бил нерешен.

Боите на клубот се сината и белата. Својте домашни натпревари Бреша ги игра на стадионот Марио Ригамонти кој е со капацитет од 16,308 седечки места.

Успеси Домашни натпреварувања Серија Б : 3 1964-1965, 1991-1992, 1996-1997

Серија Ц : 1 1938-1939 (група Ц)

Серија Ц1 : 1 1984-1985 (група A)

Меѓународни натпреварувања Англо-италијански куп : 1 1993-1994

Младински натпреварувања Кампионато Примавера : 1 1974-1975

Турнир Вијареџо : 1 1996

Останати пласмани Серија А : 7-мо место 2000-2001

Интертото куп Финале : 2001

Куп на Италија Полуфинале: 2001-2002

Познати играчи Роберто Баџо Алесандро Алтобели Андреја Пирло Лука Тони Дарио Хубнер Стивен Апија Роберто Баронио Манфред Бинц Жузеп Гвардиола Лука Кастелаци Георге Хаџи Аимо Дијана Франческо Флаки Емилијано Бонацоли Паоло Кастелини Алесандро Дијаманти

Познати тренери Азелјо Вичини Едоардо Реја Ѓорѓи Сароши Зденек Земан Мирча Луческу

Надворешни врски Официјално мрежно место

Бреша