Бета блокатори се класа на лекови кои претежно се користат во третман на кардијална аритмија, и да го заштитат срцето од следен срцев удар (миокарден инфаркт) после првиот срцев удар (секундарна превенција). Тие исто така се користат во третманот на хипертензија, иако според сегашните водичи (од 2016) не претставуваат прв избор за првичен третман за повеќето пациенти.
Бета блокаторите се компетитивни антагонисти кои ги блокираат рецепторните места за ендогените катехоламини адреналин (епинефрин) и норадреналин (норепинефрин) на бета адренергичните рецептори.
Примери
Неселективни агенси Неселективните бета блокатори покажуваат антагонизам и кон β1 и кон β2 рецепторите. Пропранолол Буциндолол (дополнително има и α1-блокирачка активност) Картеолол Карведилол (дополнително има и α1-блокирачка активност) Лабеталол (дополнително има и α1-блокирачка активност) Надолол Окспренолол (има интринзична симпатомиметичка активност) Пенбутолол (има интринзична симпатомиметичка активност) Пиндолол (има интринзична симпатомиметичка активност) Соталол (не се смета за „типичен бета блокатор“) Тимолол
β1-селективни агенси β1-селективните бета блокатори се исто така познати како кардиоселективни бета блокатори. Ацебутолол (има интринзична симпатомиметичка активност, ISA) Атенолол Бетаксолол Бисопролол Целипролол (има интринзична симпатомиметичка активност) Метопролол Небиволол Есмолол
Наводи
Категорија:Шкотски пронајдоци