Ида Планина или Каздаги (Kaz Dağları, Karataş Tepesi: „гускина планина“) - планина во Турција, Мала Азија, југоисточно од урнатитните на Троја. Највисокиот врв на Ида Планина, со 1 774 м надморска висина, е Крклар Тепеси, кој во древно време се викал Гаргарус или Гаргарон.
Ида Планина отсекогаш била поврзана со митовите и култовите.
Митологија Во древни времиња планината ѝ била посветена на божицата Кибела. Бројни се митолошките епизоди поврзани со Ида Планина: Зевс го грабнал убавиот Ганимед на падините на Ида Планина и го однел на Олимп. Афродита тука го сретнува смртниот Анхис, таткото на Енеј. Хермафродит, синот на Хермес и Афродита до своето полнолетство бил одгледан тука. Пријам го оставил сина си Парис тука за да го растргнат ѕверови, но го нашле овчари и го одгледале. Тука е одржан и натпреварот во убавина кога Парис одлучил дека Афродита е најубава. Боговите од Олимп се сместиле тука за да гледаат како се одвива Тројанската војна.
Категорија:Планини во Турција