Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“. Поради децении (во некои случаи векови) внатрешна имиграција во рамките н Русија, оваа националност обично не е мнозинството во таа република.
Уставен статус Републиките се разликуваат од другите федерални субјекти по тоа што имаат право да постават свој службен јазик (Член 68 од рускиот Устав) и да имаат свој устав. Другите федерални субјекти, како краеви (територии) и области (провинции), го немаат ова право. Секоја република има свој претседател.
Нивото на фактичка автономија варира од единица до единица, но обично таа е прилично голема. Парламентарните собранија на републиките често имаат донесувано закони кои се косат со федералниот устав, и претседателите на републиките знаат да бидат многу моќни. Меѓутоа оваа автономија е прилично намалена под водството на Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација од 2000, кој се залага за превласт на федералниот устав.
Воспоставувањето на седум големи краеви над регионите и управители назначени од претседателот ја има зајакнато власта на законот и следењето на уставот во републиките. Покрај тоа, Путин го има зајакнато законодавството во републиките, а ја има заслабнато извршната власт. Сега претседателите на републиките ги назначува самиот претседател на Русија, но ваквата номинација мора да биде прифатлива за парламентот на таа република.
ВО најголемиот дел од републиките има некаков вид на сепаратистичко движење, но овие не се многу силни. Меѓутоа меѓу Tатарите, Bашкирите, Јакутите и :еченците има силна поддршка за отцепување. Но оваа замисла е прилично проблематична поради етничкиот состав на населението во тие републики (Татарстан, Башкортостан, Јакутија); (поради Чеченската војна, денес многу малку нечеченци живеат во Чеченија).
Список на републики во Русија Републики во Русија Адигеја Алтај Башкортостан Бурјатија Дагестан Ингушетија Кабардино-Балкарија8. Калмикија 9. Карачаево-Черкесија 10. Карелија 11. Коми 12. Мариј Ел 13. Мордовија 14. Јакутија15. Северна Осетија-Аланија 16. Татарстан 17. Тува 18. Удмуртија 19. Хакасија 20. Чеченија 21. Чувашија 22. Крим
РепубликаКонтинентТитуларна националност1Тируларна националност во населението на републикатаТитуларна националност: Јазична групаТитуларна националност: Главна религијаЕтнички руси во населението на републикатаНаселение4Адигеја ()ЕвропаЧеркези23%КавкаскиСунитски ислам66%450,000Алтај ()АзијаАлтајци31%ТуркискиБурханизам, Ламаизам, Шаманизам 57%200,000Башкортостан ()ЕвропаБашкири28%ТуркискиСунитски ислам39%4,000,000Бурјатија ()АзијаБурјати24%МонголскиТибетски будизам („Ламаизам“)69%1,100,000Чеченија ()ЕвропаЧеченци2помеѓу 70% и 98%кавкаскиСунитски исламне се знае7не се знае7Чувашија ()ЕвропаЧуваши68%туркискиРуско православие27%1,400,000Дагестан ()Европа10 локални народности380%Кавкаски,туркиски5Сунитски ислам12%1,900,000Ингушетија ()ЕвропаИнгуши277%КавкаскиСунитски ислам1%470,000Кабардино-Балкарија ()ЕвропаКабардинци, Балкари66% (Кабардинци 55%, Балкарци 11%) Кавкаски,туркиски Сунитски ислам, Руско православие625%790,000Калмикија ()ЕвропаКалмици53%МонголскиТибетски будизам („Ламаизам“) 33%320,000карачево-Черкесија ()ЕвропаКарачајци, Черкеси50% (Карачајци 39%, Черкеси 11%) туркиски, Кавкаски Сунитски ислам42%430,000Карелија ()ЕвропаКарели (сродни на финците)11%угрофинскиРуско православие 72%800,000Хакасија ()АзијаХакаси12%туркискиРуско православие80%580,000Коми ()ЕвропаКоми~25%угрофинскиРуско православие58%1,200,000Мариј Ел ()ЕвропаМаријци43%угрофинскиРуско православие48%760,000Мордовија ()ЕвропаМордвинци36%угрофинскиРуско православие56%960,000Саха (Јакутија) ()АзијаЈакути45%туркискиРуско православие, Шаманизам41%1,100,000Северна Осетија-Аланија ()ЕвропаОсети53%ИранскиРуско православие, Сунитски ислам30%650,000Татарстан ()ЕвропаТатари52%туркискиСунитски ислам39%3,700,000Тува ()АзијаТуванци77%туркискитибетски будизам („Ламаизам“), шаманизам20%310,000Удмуртија ()ЕвропаУдмурти31%угрофинскиРуско православие59%1,600,000 Белешки: Кабардино-Балкарија, Карачево-Черкесија и Дагестан имаат повеќе титуларни националности. Некогашната Чеченско-Ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република имала две титуларни националности сè до нејзината поделба на две републики, Чеченија и Ингушетија, во 1991. Десетте локални националности во Ингушетија се: Агули, Авари, Даргинци, Кумици, Лакци, Лезгинци, Ногајци, Рутулци, Табасаранци и Цахури. Сите броеви на население во таблицава се со до две децимали. Балкраците, Карачајците, Кумиците и Ногајците се туркиски народи, додека Агулите, Аварите, Черкесите, Даргинците, Лакците, Лезгинците, Рутулците, Табасаранците и Цахурите се кавкаски. Кабардинците и најголемиот дел од Балкарците се муслимани, но некои балкарци се руски православци Чеченската војна предизвикала голема бегласка миграција, и затоа точна проценка на населението во чеченија е невозможна. Многу од „чеченските граѓани“ впрочем живеат на друго место, главно во Ингушетија. Во некогашната Чеченско-Ингушка АССР, населението било 23% руско и 58% чеченско.
Русија Категорија:Федерални субјекти на Русија Категорија:Административна поделба на Русија