Нертен-Харденберг () — општина во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Во општината покрај Нертен-Харденберг влегуваат и уште седум други места.

Географија

Нертен-Харденберг се наоѓа на западните делови на Нертенската Шума во долината на реката Лајне во насока север-југ и на југ се граничи со Бовенден, а на север со Нортхајм; Гетинген се наоѓа 10 километри јужно. Околу 20 километри северозападно се наоѓа Золинг, а околу 30 километри североисточно започнува Харц.

Во Нертен-Харденберг, односно во нејзините делови, се влеваат следниве реки во Лајне: Харсте (кај Парензен), Венде (кај Ангерштајн), Есполде (кај Литгенроде), како и Бефер и Родебах (кај Нертен-Харденберг).

Соседни општини

Соседни општини се Бовенден (југ), Хардегзен (запад), Нортхајм (север) и Катленбург-Линдау (исток).

Општински единици

Кон Нертен-Харденберг припаѓаат следниве места:

Ангерштајн (јужно) Бисхаузен (источно) Елфезе (северозападно) Литгенроде (западно) Нертен-Харденберг Парензен (југозападно) Зудерсхаузен (источно) Волбрехтсхаузен (западно)

Знаменитости

Урнатините на замокот Харденберг Манастир Мариенштајн со средновековна крипта Католичката парохиска црква „Св. Мартин“ Евангелистичката црква Еврејски гробишта

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Нортхајм (округ) Категорија:Хановер (покраина)