Градечка Река — мала хидроелектрана на истоимената река, сместена на влезот на селото Градец од страна на планината Плачковица. Оддалечена е на околу 5 км од Виница и околу 2 км од акумулацијата. Хидроелектраната има моќност од околу 0,7 МW. Проектираното годишно производство на електраната е 4.239 MWh. МХЕ „Градечка Река“ е управувана од страна на ПЦЦ Хидро.

Поврзано Список на електрани во Македонија Градечка Река

Наводи

Надворешни врски Проекти: Градечка — ПЦЦ Хидро

Категорија:Хидроелектрани во Македонија Категорија:Економија на Виница Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија