Вознесение Христово (повеќе позната како Свети Спас Горни) — манастирска црква во селото Вевчани.

Вевчанци, Свети Спас го почитуваат како сопствен заштитник и често го спомнуваат во молитвите.

Местоположба

Црквата се наоѓа западно од Вевчани, на надморска височина од 1.300 метри, на планината Јабланица. Тој е изграден во карпи што е одлика за целиот терен околу него. Источно од него има една голема карпа, надвисната над самиот пат.

Историја

За овој манастир забележал и Нушиќ во 1892 година. Судејќи според иконите, манастирот може да се датира од втората половина на XIX век.

Архитектура Иконостас

Престолната икона Вознесение Христово е изработена од Крсто Николов од Лазарополе, во декември 1894 година. Иконите на светите апостоли се изработени од Дичо Зограф, без да биде наведена годината. Може да се претпостави дека тоа е 1876 година, кога Дичо ги работел иконите за црквата Св. Никола. Но, најстарата престолна икона е иконата „Св. Никола Чудотворец“, насликана и подарена во 1858 година. Тоа упатува на одредена старост на манастирот, што не мора да значи дека тој пред тоа не постоел.

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Вевчанска парохија Вевчани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Вевчани Вевчани Категорија:Дела на Дебарската школа