Изборно Кнежевство Ајхштет или Епископија Ајхштет — мало верско кнежевство на Светото Римско Царство. Со седиште во градот Ајхштет, се наоѓало во денешната сојузна покраина Баварија, западно од Регенсбург, северно од Нојбург на Дунав и Инголштат, јужно од Нирнберг и југоисточно од Ансбах.

Географија

Географски, територијата на епископското кнежевство била многу распрскана и до 1789 година, се состоела од еден главен дел на исток, кој се граничел со Баварија на север, исток и на југ, и со Папенхајм и Бранденбург-Ансбах на запад. Остатокот од кнежевството било сместено на запад и се состоело од неколку делови со различни големини главно сместени во рамките на Бранденбург-Ансбах. Вкупната површина изнесувала 1.100 км², со население од 58.000 (во 1855 г.).

Историја

Епископијата Ајхштет била основана во 741 година, кога англосаксонскиот мисионер Вилибалд бил хиротонисан за епископ од Свети Бонифациј и влегол во црквата во Ајхштет во германското племенско војводство Баварија. Неговите наследници го достигнале статусот на епископски кнез, кога ги наследиле франконските територии на нивните поранешни кнезови од исчезната династија Хиршберг (замокот Хиршберг во денешниот град Бајлнгрис). Како реакција на реформацијата, Ајхштет се приклучил на Католичката лига во 1617 година. Поседите на епископијата биле средиште на контрареформацијата и место на бројни судења на вештерки.

Со медијатизацијата во 1802 година, епископијата била секуларизирана и во 1803 година, заедно со Архиепикоспијата Салцбург, била доделена како компензација на надвојводата Фердинанд, брат на царот Франц II и поранешен голем војвода на Тоскана. Три години подоцна, по австрискиот пораз од Наполеон, областа била доделена на Кралството Баварија според Пресбуршкиот мир. Од 1817 до 1855 година, кнежевството било водено како феуд на Баварија во корист на посинокот на Наполеон, Ежен де Боарне.

Галерија

Поврзано Ајхштетска епископија

Надворешни врски Ајхштет во Meyers Konversationslexikon, 1888 ()

Категорија:Франконски округ Ајхштет Категорија:Поранешни држави и територии во Баварија