Фердинанд III (, роден на во - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1637 до 1657 година, крал на Унгарија и крал на Хрватска (1625-1657), крал на Бохемија (1627-1657), надвојвода на Австрија (1637-1657).

Рани години

Фердинанд бил најголемиот син на Фердинанд II и неговата прва сопруга Марија Ана Баварска.

Управување

По доаѓањето на престолот во 1637 година, Фердинанд се надевал дека ќе склучи мировен договор со Франција и Шведска, но Триесетгодишната војна продолжила уште 11 години. Во негово време бил потпишан Вестфалскиот договор со кој завршила Триесетгодишната војна.

Поради тешката ситуација од војната, Фердинанд во 1644 година им дозволил на германските владетели самостојно да ја водат својата надворешна политика. Преку овој потег Фердинанд сакал да стекне поголем број на сојузници, но ова од друга страна довело до слабеење на царската моќ.

Семејство

На 20 февруари 1631 година Фердинанд III се оженил во Виена за Марија Ана Шпанска (1606-1646). Таа била најмладата ќерка на Филип II и Маргарита Австриска. Тие воедно биле први братучеди, бидејќи мајката на Марија Ана била сестра на таткото на Фердинанд. Заедно имале шест деца:

Фердинанд IV (8 септември 1633 - 9 јули 1654), римско-германски крал од 1653 година, номинален крал на Чешка од 1646 и на Унгарија од 1647. Маријана Австриска (23 декември 1634 - 16 мај 1696). Во 1649 се омажила за својот чичко Филип IV (1605-1665). Филип Август, надвојвода на Австрија (1637 - 1639). Максимилијан Томас, надвојвода на Австрија (1638 - 1639). Леополд I (9 јуни 1640 - 5 мај 1705), цар на Свето Римско Царство (1658-1705). Марија Австриска (* / † 1646).

Во 1648 Фердинанд се оженил во Линц за австриската надвојвотка Марија Леополдина (1632-1649). Таа била ќерка на австрискиот надвојвода Леополд V и Клаудија Медичи. Тие биле втори братучеди и имале еден син:

Карло Јозеф (1649 - 1664). Тој бил Голем мајстор на Тевтонските витези од 1662 до неговата смрт.

Во 1651 Фердинанд III се оженил во Виена за Елеонора Гонзага (1630-1686). Заедно имале 4 деца:

Тереза ​​Марија Јозеф, војвотка од Австрија (1652 - 1653). Елеонора Марија Јозеф (1653 - 1697) Марија Ана Јозеф, Фердинанд Јозеф Алојз, надвојвода на Австрија (1657 - 1658).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кралеви на Чешка Категорија:Европски монарси од 17 век Категорија:Цареви на Светото Римско Царство Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Кралеви на Унгарија